ИЗЛОЖБА И ПРОМОЦИЈА НА МОНОГРАФИЈА НА БОРО РУДИЌ ВО КИЦ

Изложба на фотографии и промоција на монографијата „EXIT” на фотографот Боро Рудиќ, ќе се одржат утре 22 мај, со почеток во 20 часот , во галеријата на Културно информативниот центар во Скопје …

На изложбата која ќе ја отвори Јасна Котевска ќе бидат претставени 45 фотографии отпечатени на рачно изработена хартија, што ја прави оваа изложба особено занимлива, како од ликовен, така и од естетски аспект.

Основната поетска нишка на изложбата ја сочинува просторот во контекст на движењето како социолошки и културолошки феномен. Преку фотографиите Рудиќ вешто ги хармонизира документарните и ликовните елементи на композицијата, а тактилните вредности на текстурата се истакнати преку рачно изработената хартија на која се печатени фотографиите.

Проектот е подржан од Министерство на култура на Р.Македонија, галерија КИЦ, и финансиски помогнат од љубителите на фотографија.



Слични Објави