Јанша: Некои членки на ЕУ веќе планираат задолжителна вакцинација
Словенија во моментов има само околу 40 потврдени случаи на заразна со делта сојот на коронавирусот, рече премиерот Јанез Јанша во парламентот, но додаде дека четвртиот бран е неизбежен ако најмалку 70 проценти од населението не биде вакцинирано до крајот на летото. Во контекст на ова, Јанша истакна дека во Европа постојат и мислења за воведување на задолжителна вакцинација.
Јанша увери дека некои земји-членки на ЕУ веќе подготвуваат законски решенија за задолжителна вакцинација против Ковид-19 на некои категории на население, некои, според него, размислуваат за задолжителна вакцинација на сите возрасни лица, некои за задолжителна вакцинација за медицински персонал, вработени во домовите за стари лица, работници во снабдувањето, туризмот и слично, а како што вели Јанша, има и предлози да се укине правото на бесплатно тестирање за коронавирус на оние кои не сакаат да се вакцинираат.
Иако ова засега не е предлог на Владата, според Јанша, Словенија ќе мора да разговара за ваквите решенија и да донесе конечна одлука.
