ЈУЖНА КОРЕЈА Е ПРВАТА ЗЕМЈА ВО СВЕТОТ ШТО ОДРЖУВА ИЗБОРИ ВО ЕК НА ПАНДЕМИЈАТА

/

Во Јужна Кореја денеска се одржуваат парламентарни избори, со строги ограничувања воведени низ целата земја заради пандемијата на коронавирусот.

Од 6 часот по полноќ по локално време, отворени се околу 14.000 избирачки места, а на граѓаните кои доаѓаат да го остварат своето гласачко право им се мери нивната температура, одделени се едни од други и сите се заштитени со маски и раквици.

Парламентарните избори треба да обезбедат поддршка за политиката на претседателот Мун Џе-ин во последните две години од неговиот мандат да ја спроведе неговата агенда за намалување на фискалните обврски и невработеноста, зголемување на минималните плати и подобрување на односите со Северна Кореја.

Додека изборите се одложени низ целиот свет поради пандемијата, Јужна Кореја е првата земја во која се одвива гласање. Иако епидемијата во Јужна Кореја се намалува, експертите предупредуваат дека може повторно да избувне.



Извор: Макфакс



Претходна статија

НАТО СО СПЕЦИЈАЛНИ ТИМОВИ ЌЕ ГИ БОРИ ЛАЖНИТЕ ВЕСТИ ОД РУСИЈА И КИНА ВО МАКЕДОНИЈА И ЦРНА ГОРА

Следна статија

ДИРЕКТОРКАТА НА ИНФЕКТИВНА КЛИНИКА ДО ПЕНДАРОВСКИ: „ИМАМЕ ДОВОЛНИ КОЛИЧИНИ НА ЗАШТИТНА ОПРЕМА“

Најново од Вести