|

Како во времето на Лазар Колишевски, црвените србокомунистички орди вршат притисок врз нас македонските Бугари

Facebook статус на Благоj Д. Шаторов, КЦ „Иван Михајлов“ Битола

Како во времето на Лазар Колишевски, црвените србокомунистички орди долго време вршат институционален притисок врз нас македонските Бугари преку политички монтирани судења и преку нереформираните закони, создадени специјално за уништување на Бугарите за време на Титова Југославија.

Овојпат тоа го прават преку кривичната пријава за ширење некаква ксенофобија и расизам против Љупчо Георгиевски, претседател на Центарот за култура „Иван Михаjлов“ Битола. Човекот чиј најголем грев е тоа што застана на чело на борбата за еднаков статус на Бугарите со сите други етнички групи во Република Северна Македонија, човекот кој својата татковина ја гледа како дел од НАТО и Европската Унија и како развиенa земја со европска иднина, а не како потонат пекол во темното комунистичко минато.

Апелирам до сите општествено-политички сили во Бугарија да му дадат безрезервна и вистинска поддршка за заштита од корумпираниот, неправеден и политизиран судски систем во Македонија на нашиот брат Љупчо Георгиевски, бидејќи ниту Македонија е дел од СФРЈ на моќниот манипулатор Тито, ниту Бугарија е Советска на неспособниот Георги Димитров.

Годината не е 1949 и ситуацијата е целосно обратна, Бугарија е дел од двата најмоќни сојузи во светот и мора да ги искористи сите механизми за заштита на човековите права на Бугарите, но и правата на оние кои ја водат борбата внатре во едно општество, чиј еквивалент се само земји како Русија и Северна Кореја.

Ако сега не застанете рамо до рамо со нас, исценираните политички процеси ќе добијат сила и ќе ја опфатат целата бугарска заедница во Македонија и ќе станете дел од процесот на создавање човечки трагедии и уништени бугарски семејства.
ДА ЖИВЕЕ ЉУПЧО ГЕОРГИЕВСКИ
ДА ЖИВЕЕ ИВАН МИХАЈЛОВ

Слични Објави