КАМЕРНИОТ ОРКЕСТАР НА МАКЕДОНСКАТА ФИЛХАРМОНИЈА ЌЕ ГОСТУВА ВО КАЗАХСТАН
Од 3-ти до 5-ти септември Камерниот оркестар на Македонската филхармонија ќе гостува во Казахстан.
Во рамки на гостувањето оркестарот под водство на македонскиот диригент, маестро Борјан Цанев ќе одржи концерти во Алмати (5 септември) и Астана (7 септември). Како солист ќе настапи концерт-мајсторот на Македонската филхармонија, истакнатата виолинистка Анна Кондратенко, а на програмата ќе бидат изведени: „Дивертименто“ од Моцарт, свитата „Холберг“ од Григ, избор од двете дела „Четири годишни времиња“ од Вивалди и Пјацола, како и македонското дело „Капричо“ од Драган Шуплевски.
Гостувањето на Камерниот оркестар на Македонската филхармонија се реализира со логистичка поддршка на Амбасадата на Република Македонија во Астана, а по повод Денот на независноста – 8 Септември.
