КФМ СО ПОМОШ НА „ТРИГЛАВ ОСИГУРУВАЊЕ“ ЌЕ ЈА УНАПРЕДУВА МЛАДИНСКАТА КОШАРКА!

/

Кошаркарската федерација на Македонија (КФМ) со помош на компанијата „Триглав осигурување“ ќе се обиде да ја крене младинската кошарка на уште повисоко ниво, со цел на развој не само на овој спорт туку и развој на свеста за здрав живот и всадување љубов кај младите генерации кон спортскиот начин на живеење.

Како долгогодишен поддржувач на националниот спорт, „Триглав осигурување“ и овој пат обезбеди поддршка за младинската кошаркарска лига, согласно стратегијата за корпоративна друштвена одговорност на групацијата Триглав. Компанијата е посветена на поддршката и развојот на спортот и е спонзор на голем број спортски проекти, па токму затоа компанијата одлучи својата поддршка да ја намени за помош на младинската кошаркарска лига. Таа има стратешко значење, како поради својата цел да ги развива идните квалитетни првотимци и репрезентативци во кошарката, така и поради својата улога во втемелувањето на вистинските вредности и навики, како и градењето на спортскиот и тимскиот дух кај младите.

“Триглав е компанија којашто секогаш се стреми да обезбеди висок квалитет, сигурна иднина и позитивно искуство за своите клиенти. Убедени сме дека секоја успешна компанија треба да биде инкорпорирана и да му помага на општеството во коешто делува. Свесни сме за важноста на инвестирањето во националниот спорт и што тоа значи за неговиот развој, особено кога тоа ги вклучува младите категории и децата. Вистинска привилегија е да бидеме дел од активностите на младинската кошаркарска лига, затоа што токму тука се градат вистинските навики, се создава квалитетот, тука лежи иднината на кошарката и спортот воопшто. Се надеваме дека со нашата поддршка ќе придонесеме кон што подобри услови за работа на клубовите и постигнување на што подобри резултати”, изјави во оваа прилика главниот извршен директор на „Триглав осигурување“ и поранешен репрезентативец, Ѓорѓе Војновиќ.

Првата благодарница за соработката дојде од првиот човек на КФМ, Перо Антиќ, кој потенцираше дека Војновиќ бил неговиот ментор, дури и повеќе од тоа.

„Можам да кажам дека Ѓоле беше мојот идол уште од мал, дека беше вистински ментор во мојата кариера. Во ‘Триглав осигурување’ најдовме партнер кој ги препозна заедничките интереси. Сега започнуваме со планираниот проект во младинската лига, со надеж и со желба дека соработката ќе биде проширена и во други сфери, и дека со оваа ценета компанија ќе останеме долгогодишни партнери“, потенцира Антиќ.

КФМ и „Триглав осигурување“ ќе продолжат со заеднички сили да работат на промовирање на спортските вредности и на унапредување и развој на спортот во земјата.



„Почнуваме од најважниот сегмент на општественото живеење – младите. Во овој случај со клубовите во младинските категории на натпреварување. Како општествено одговорни чувствувавме потреба за реализација на еден заеднички проект со ‘Триглав осигурување’. Замисла со која сакаме да ја подигнеме свеста кај луѓето. Да се залагаме за она што се вели здрава младина и едно поздраво, поубаво општество. Ова е само првиот чекор во реализација на плановите на нашата федерација“, изјави популарниот Тоше.

Извор: Спорт1



Претходна статија

ЕРДОГАН: АКО УШТЕ ЕДЕН ВОЈНИК БИДЕ ПОВРЕДЕН, ТУРЦИЈА ЌЕ ЈА НАПАДНЕ СИРИЈА

Следна статија

ШПАНИЈА ИТНО ЌЕ ГО РАТИФИЦИРА ПРОТОКОЛОТ ЗА ЧЛЕНСТВО НА МАКЕДОНИЈА ВО НАТО

Најново од Истакнато

Кога идентитетот е бетон

Пишува: Ѓорѓи Трендафилов Вчерашниот фудбалски натпревар меѓу Северна Македонија и Бугарија е одличен настан за крај