| | |

ЌЕ БИДЕ ЛИ ГРАДИШТЕ МАКЕДОНСКИОТ ВУХАН?

За две недели журката веројатно ќе биде во инфективните одделенија на болниците ширум земјава. Гледав видео во Градиште како младите безгрижно се забавуваат. Се понадевав дека таа журка е од изминатото лето, но за моја огромна жал и за жал на сите хронични болни (кои ги имаме барем по еден дома) ова видео беше од сега… И така со алкохолот во раце, една рака горе, малку мрдаш со ногата , па кога ќе влезеш во фаза на денсер почнуваш секси чекорчиња до младата дама во најјаките купаЌи да ја прашаш дали има упаљач. Нели старата фора за запознавање, као ти немаш… Се растресуваш до максимум , се лигавиш и правиш на интересен заводник се додека не те понесе некоја роматична песна за на крај да ја зграпчиш за половината и онака страсно и лепнеш еден длабок лигав бакнеж со јазик на непознатата. Тоа може да заврши со секс, секако ако си доволно мангуп и перфектен денсер. А и не мора да значи де. Доволно е ракувањето со некој/а што не стигнала да се измие раце а притоа има мала кашлица од „ЦИГАРИ“. Да. Секогаш оправдувањето на младите здрави тела „од цигарите ми е, немам јас КОРОНА“.

Не ми станува јасно, иако имам само 35 години како дојде ред низ главата да ми помине фразата на моите родители и баби и дедовци „годините да ви ги имам, умот да ви го немам“. Јас ли остарев? До мене ли е? Не мислам. Дечки јас знам дека понесува езерото и сите природни убавини во Градиште. Исто така знам и за хормоните, но дали таа прекрасна 3 часовна журка ќе вреди за вашите солзи после 14 денови? А ќе има плачки да. И јас не би сакала, ама реалноста е таа. Друго нешто што многу ме мачи. Иако не е за оправдување тоа „луди млади години“, сигурно некои возрасни биле запознати со ова случување. Сигурно има газда тој кафич (кој за брзо време би требало да се прекрсти во Вухан) кој не се погрижил за општата безбедност на сите. Или што е поентата? Последен удар да се разболи цела Македонија, па кој преживее да раскажува на внуците ли? Демек ви се смачи од пазење? Читам денеска 2 кривични пријави од инспекциите… 2 пријави? Каде бевте кога се случуваше фештата? Ало и вие МВР, нели би требало да отидевте и да ја растерате гужвата? Нели би требало да фрчи од 200 казни нагоре(претпоставка колку биле на забава)? Добро, всушност на крај кој е крив за сето ова?

Еден мој многу драг почитуван пријател секогаш вели „рибата смрди од главата а не од нозете“! Венко, министре, не знам зошто ама вас никој не ви верува на вашите предупредувања. Некаде многу згрешивте. Заедно во оваа кошница каде што сте вие се и министрите за внатрешни работи и туризам. И откако нели го посравме Охрид, сега г-да од власта имате 14 дена да изградите нова болница со 1000 кревети и дупло повеќе респиратори. Можете ли? Ако Кина може за десет дена 10 000 легла, ние можеме до толку де… Сепак жешко време стегна, и на тоа пак треба да се пази… Кој ќе биде јунакот што ќе гради, а пак и од каде пари? Или пак ќе биде како до сега. Додека не паднеш да се онесвестиш, седи дома и чекај короната сама да ти помине! Овој пат Господ нека помага, бидејќи медицинските лица нема да можат да постигнат!

п.с: Заев уште ли е на одмор? Сакав да прашам водата кај што се бања топла ли е? Немој да настине, нели после избори влада ќе се праеше баш поради тоа што ни беше потребна да носи закони и за борба против пандемијата?!

Автор: Елизабета Најдоска Величкова

Слични Објави