| |

Кој е рускиот агент отруен во Сализбери, Велика Британија?

Стара изрека е дека поранешен шпион нема, и поради таа причина е тешко да заминете туку така од редовите на разузнавањето. Тоа не е нешто што се случува особено лесно. Тоа се гледа и во случајот со Сергеј Скрипал- поранешен двоен агент, осуден за велепредавство во Русија.

66-годишниот поранешен шпион и 33-годишна жена, за која подоцна се разбра дека е неговата ќерка, беа пронајдени во несвест на клупа тврговски центар во англискиот град Салисбери.

Во моментов тој и неговата ќерка се во критична состојба во британска болница, а официјалната верзија за нивната лоша здравствена состојба е изложување на некаква непозната материја.
“Ова е многу невобичаен случај и критично важно е да се дојде до дното на тоа, што ги предизвикало овие здравствени проблеми што е можно побрзо”, истакна Марк Роули, кој е директор на британското контраразузнавање.

Претседателот на комисијата за надворешни работи на британскиот Парламент Том Таџманхет, пратеник од владејачката Конзервативна партија, изјави дека мистериозната болест ги “носи сите обележја на руски напад”.

“Премногу е рано да се каже дали тоа тврдење е сигурно или не”, рече тој, но додаде дека околностите зборуваат за руска интервенција. Таџманхет изјави дека тоа би било еднакво на “лесна војна против Велика Британија”, предводена од Москва.

Тој рече дека ако се покаже дека станува збор за руска агресија, Велика Британија треба да даде категоричен одговор. Според неговите зборови, овој одговор може да вклучува забрана за патувања, санкции и замрзнување на средствата.

Медиумите во земјата брзо направија паралела со Александар Литвиненко – поранешен потполковник на руската Федерална служба за безбедност (ФСБ), кој избега во Велика Британија во 2000 година, а 6 години подоцна беше убиен од радијациско труење со реткиот и силно токсичен радиоактивен изотоп полониум -210.

Во 2012 година во друг сличен случај Русинот Александар Перепилични кој помагаше во една истрага на Швајцарија на руска шема за перење пари, беше пронајден мртов во 2012 година во Велика Британија. Досега се уште нема конечен заклучок за причината за смртта, иако има сомневања дека бил убиен со редок отров.

Од Кремљ сепак негираат каква и да е врска со случајот и јавуваат дека не добиле барање за помош од британските власти во врска со истрагата за инцидентот.

“Ние немаме никакви информации за причините за она што се случило или што тоа лице го правело во Велика Британија”, изјави рускиот претседател за печат Дмитриј Песков, цитиран од АФП.

Руската амбасада во Велика Британија изрази сериозна загриженост за покривањето на случајот во локалните медиуми, објави Ројтерс. Ова ја покренува анти-руската кампања во Велика Британија на ново ниво, коментира дипломатското претставништво.

Но кој е самиот Сергеј Скрипал?

Роден е во 1951 година. Работел во руската воена разузнавачка служба (ГРУ) и го достигнува до чин полковник. Според некои информации, постои и врска со ФСБ, која е наследник на КГБ.

Според руските власти, кон крајот на 1990-тите години бил регрутиран и почнал да работи за британската разузнавачка служба МИ-6. Според нив, Скрипал добил значителен износ на пари за да ги открие идентитетите на десетици руски агенти во Велика Британија.

Тој беше уапсен во 2004 година, а подоцна против него е покренато и дело. За време на сослушувањето, тој самиот признал дека добил пари од МИ-6 за идентитетите на неколку руски агенти.

Скрипал е осуден на 15 години затвор, а потоа неговата казна е намалена на 13 години поради неговата соработка со властите.

Така доаѓа до јули 2010 година, кога САД и Русија организираат размена на шпионски војни.

Од руска страна се предадени Сергеј Скрипал, Игор Сутјагин – специјалист од нуклеарната програма на Кремљ, Александар Запорожски, полковник на КГБ и Генадиј Василенко, друг поранешен офицер на КГБ.

Од американска страна се предадени Ана Чепмен и уште 9 заспани руски агенти, чија цел била да се интегрираат во американското општество во очигледен обид да дојдат до круговите на власта и да добиваат доверливи информации.

Самата размена е реализирана успешно, а руските шпиони се пречекани како национални херои, а дури и самиот Путин пее патриотски песни со нив. На предадените на САД агентите се гледа како на национални предавници.

Првично агентите се чуваат под прикритие во мал приватен хотел, за кој се смета дека се наоѓа во западниот дел на Лондон или во Сари, каде се сослушани детално. После се ослободени, за да почнат нов живот во Велика Британија.

За разлика од Игор Сутјагин кој започнува работа како истражувач за тинк-тенк при Институтот “Ројал Јунајтед”, Скрипал го бира осамениот начин на живот, далеку од светлата на рефлекторите, додека конечно не е нападнат во неделата.

Дали нападот е дело на руските служби или на некој друг непријател на Сергеј Скрипал, се уште може само да се шпекулира. Уште поважно, сепак, е како тоа би влијаело на односите меѓу Лондон и Москва, кои и без тоа се заладија во изминатите месеци.



Слични Објави