|

Комисијата за заштита од дискриминација ќе го тужи Министерството за образование

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација донесе одлука да поднесе тужба против Министерството за образование, соопштија од таму.

„Комисијата за спречување и заштита од дискриминација на денешната седница донесе одлука да поднесе тужба за заштита од дискриминација од јавен интерес (action popularis) против Министерството за образование и наука“, се наведува во информацијата.

Ова, како што велат од таму, е поради повредата на правото на еднаков пристап до квалитетно образование на поголема група ученици од основното образование извршена со необезбедување учебници по секој предмет и на сите јазици на кои се изведува наставата во задолжителното деветгодишно образование.

Слични Објави