|

Ковачевски повика на смиреност на утрешниот ден: Да бидеме обединети и горди

Премиерот Димитар Ковачевски апелира на смиреност на утрешниот ден на чествувањето на роденденот на великанот Гоце Делчев. Тој рече дека МВР и Владата ќе овозможат овој настан да помине достоинствено и мирно.

„Апелирам сите да бидеме обединети и горди и заедно да покажеме достојна почит кон великанот Гоце Делчев. До патриотските здруженија и поединци апелирам да се воздржат од провокации. Мнозинството сака мирно чествување на овој настан. Нема да дозволиме инциденти“, рече Ковачевски.

Што се однесува за странски лица, Ковачевски нагласи дека доколку МВР има добиено информации од соодветните служби дека некое лице со влезот во државата ќе може да ги наруши националната безбедноста и меѓународните односи на земјата, тогаш тие лица нема да влезат во државата.

„Такви одлуки се носат на денот на настанот. До овој момент од кабинетот на бугарскиот премиер немам добиено информација дека ќе пристигне бугарска делегација“, изјави премиерот Ковачевски.

Тој додаде дека кој сака да присуствува на утрешниот ден по повод годишнината од раѓањето на големиот македонски великан Гоце Делчев, може да се пријави и да присуствува.

Слични Објави