Крајната десница во Полска- шанса и закана за владејачката гарнитура

Кога активисти од Источна Полска патувале кон Варшава, за да учествуваат во демонстрација на крајната десница, локалниот градоначалник од владејачката партија “Право и правда” (ПИС) платил дел од нивното патување.

Маршот го привлече вниманието на светските медиуми, бидејќи некои од 60-те илјади учесници носеле транспаренти со расистички и ксенофобични слогани како “чиста крв, јасен ум” и “Европа ќе биде бела или ненаселена”.

Градоначалникот на Сталова Волја, Луциус Надбрежни „не жали за одлуката да го поддржи патувањето“. Неговиот кабинет вели дека поворката на Денот на независноста во ноември била “безбедна и радосна манифестација на патриотизам” и дека луѓето од неговиот град не учествувале во никакви “провокации”.

Заживувањето на екстремно десничарските чувства е дилема за ПиП – која е општествено конзервативна формација со националистичка програма.

Крајнодесните гласачи се закана и можност. Партијата го искористи незадоволството од западните либерални вредности кога победи на изборите во 2015 година со најголемо мнозинство постигнати од било која партија по падот на комунизмот.

Активистите од Сталова Волја рекоа дека расистичките слогани се малку и не можат да извлечат заклучоци за учесниците како целина. Тие, исто така, ја пофалија демонстрацијата.

Министерот за надворешни работи Витолд Вашчиковски рече дека тоа го подхранило “патриотското однесување на Полјаците” и дека секакви манифестации на ксенофобија биле “инциденти”, кои “се разбира, заслужуваат осуда”.

Влијателниот лидер на ПиП Јарослав Качински, кој нема официјална позицијата во владата, рече во 2015 година дека мигрантите од Блискиот Исток можат да донесат паразити и болести во Полска.

Тој, сепак, исто така, рече дека расистичките постери на поворката биле “ѓубре” и дека “полската традиција” нема никаква врска со расизмот и антисемитизмот.

Ризик од отцепничка група

Од ПиП се свесни дека им потребно да ја задржат поддршката на сите десничарски гласачи.

Од партијата исто така внимаваат за ризикот од појава на посебна ултраконсервативна фракција која да го стави под знак прашалник нејзиното мнозинство во парламентот.

Заменик-претседателот на парламентарната група на ПиП Тадеуш Цимански рече дека е подобро ако крајнодесничарски организации како “Национално-радикалниот камп” (НРЛ), кој помогна за организирање на демонстрацијата во Варшава, не се чувствуваат заплашени од неговата партија.

“Во интерес на демократијата, во интерес на нашата држава е крајните групи, биле тие леви или десни, да немаат застапеност во парламентот”, изјави тој за Ројтерс.

“Секакво здружување (меѓу НРЛ и ПиП) е болно и непријатно, јас го одбивам со срам, но мислам дека би било подобро јас и мојата група да сме здружени со нив отколку овие сили да пронајдат друг извор на моќ.”

Друг истакнат член на ПиП – Ришард Чарнецки, рече дека партијата дала на сите десничарски гласачи чувство на припадност, за разлика од претходната центристичка влада, која била сметана за “космополитска”.

“Гласачите имаат чувство. . . дека ние сме сериозна партија, која има власт, ја спроведува својата десничарска програма, па нема потреба да бегаат кон крајната десница “, рече тој.
“Голем број млади луѓе сега сакаат да гласаат за ПиП. Ако (центристичката) управување потраеше уште, тогаш мислам дека радикалните движења во Полска ќе беа посилни. ”

Зајакнување на ксенофобијата

НРЛ и други екстремни десничарски организации како “Полска младина” (Млодеж Вшехполска) одбиваат да објават податоци за бројот на своите членови, но аналитичарите велат дека се зголемува перцепцијата на ксенофобските слогани, како и насилството против муслиманите.

Според студија на контролираниот од владата Центар за истражување на јавното мислење (ЦИЈМ) во ноември 2016 година 95 проценти од Полјаците рекле дека не знаат никој од крајнодесничарска формација. Меѓутоа, преку една третина, тие велат дека поддржуваат екстремно десничарски активности.

Според податоците на Центарот за истражување на предрасудите кон Варшавскиот универзитет извршените против муслимани злосторства од омраза се зголемиле за над 300 проценти меѓу 2013 и 2016 година

НРЛ кој во својата официјалната литература повикува на “етничка хомогеност” во Полска, вели дека му помогнал на ПиП.

“ПиП копира дел од нашата реторика, на пример за мигрантите од муслиманските земји”, рече заменик-претседателот на НРЛ Томаш Дороти. “Ова им даде победа на последните избори”.

Полска исто како Унгарија одбива да прифати бегалци од Сирија и други места, со образложение дека муслиманските имигранти се закана за националната безбедност и стабилност.

Новиот премиер Матеуш Моравецки рече во понеделникот на државната Полска телевизија дека ставот на Владата за мигрантите нема да се промени “во наредните години”.

“Ние нема да прифатиме бегалци, мигранти од Блискиот Исток и Африка. Ова е нашето суверено решение “, рече Моравецки.

Во 2016 година Владата на ПиП го распушти Советот за спречување на расната дискриминација, ксенофобијата и нетолеранцијата – советодавно тело на Владата, дел на Министерството за внатрешни работи, одговорно покрај сето друго и за набљудување на злосторствата од омраза.

Извор: E-vestnik.bg

Автор: Лидија Кели, Јустина Павлак – Ројтерс