|

КРИВИЧНАТА ПРОТИВ МАКСО СТИГНА ВО ОЈО КУМАНОВО

Од Основното јавно обвинителсто Куманово, потврдуваат дека кривичната пријава против кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски денеска пристигнала кај нив.

Обвинителството ја распределило пријавата кај надлежен обвинител за понатамошно постапување. Оттаму додаваат дека обвинителството ќе преземе дејствија во насока на проверка на наводите од кривичната пријава.

СВР Куманово ја поднесе крвичната пријава до Обвинителството по член 206 од Кривичен законик за „Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“.



Слични Објави