КРВАВИТЕ РАЦЕ НА ДОБРИОТ ВОЈНИК ТИТО

Бугарскиот дисидент и писател Георги Иванов Марков е име познато за светската јавност. Уште попознато од самото име е аферата „Атентат со чадор”, во која Марков бил нападнат со убод од врв на чадор во близината на Ватерло-мостот во срцето на Лондон, на 7 септември 1978 година. Четири дена подоцна, Марков ќе почине како последица на труење од вбризган отров рицин. Десет дена пред атентатот врз Марков, сличен обид бил извршен во Париз врз Владимир Костов, исто така политички бегалец од Бугарија. Според сведоштвата на Олег Калугин, офицер на КГБ, и двата напада биле изведени од страна на тајната служба на Бугарија од времето на Тодор Живков. Истрагата, сепак, никогаш не успеа да го идентификуваатентаторот и да го изведе пред лицето на правдата. Името на Марков ќе биде предмет на документарци на Би-Би-Си и забележано во листата на политички емигранти на Западот, егзекутирани од службите на источните комунистички земји.

loading...

Имињата на Татјана и Розмари Шево се непознати за светската и домашната јавност. Татјана (26) – инаку ќерка на хрватски партизан и прв шеф на милицијата во поствоен Загреб – и Розмари (9) беа сопруга и поќерка на Стјепан Шево, емигрант и припадник на хрватските десничарски здруженија во Германија. Сите три члена на семејството ќе бидат сурово егзекутирани на 24 август 1972 година, во близина на Венеција, Италија. Сомнежот за убиството на семејството Шево ќе биде поврзано со агентот Стјепан Синдичиќ и убијците од југословенските тајни служби УДБА и СИД. „Се посрамотивме со детено во Италија”, ќе изјави подоцна Стане Доланц, тогашниот министер за внатрешни работи на СФРЈ. Колку бил искрен Доланц со „посрамотувањето” ќе се покаже пет години подоцна, со егзекуцијата во Чикаго на српскиот емигрант Драгиша Кашиковиќ и неговата деветгодишна ќерка, Иванка Милошевиќ, со нож избодени од агент на УДБА. Авторот на книгата „Агенти провокатори – тероризам, шпионажа и тајната борба во Југославија 1945 – 1990”, д-р Џон Шинглер, за овие убиства на УДБА ќе забележи дека „нема слушнато деканекоја друга разузнавачка служба намерно правела такви нешта”.

Демек добриот, мек диктатор Тито

А сепак, како што можеме да посведочиме до ден-денешен, името на Јосип Броз Тито, челникот на системот кој ја има родено УДБА, се’ уште се третира во суперлативи на хуманост, визионерство, на социјализам со човечки лик, епитом на умереноста, историски лик вреден за почит до крај на светот. Неговите крвави траги во убиства на невини деца и политички противници на најсвиреп начин, се недоволни за неговиот лик да биде ставен рамо до рамо со urbi et orbi озлогласените Енвер Хоџа, Николае Чаушеску и Тодор Живков. Во менталната матрица на судење и просудување за Тито од страна на екс-Југословените и западњаците, чиниш дека неговиот опус е строго контролирано лимитиран на златните дни на Југославија во доцните шеесетти и седумдесетти, на Волстрит-кредити, НАТО-тенк донации, Холивуд-маркетинзи. Во тој опис нема место за Блајбург и илјадниците поствоени масовни гробници ширум Словенија, Хрватска, Босна се’ до Македонија.  



loading...

Која е причината и позадината на таквите двојни стандарди, различни аршини, во етаблираната леснотија за експресно поврзување на останатите комунистички диктатори со злосторствата на комунизмот и се’ уште доминантниот наратив за демек добриот, мек диктатор Тито во рајот на самоуправниот социјализам, сместен сред Истокот и Западот? Одговорот започнува со никогаш досега изнесениот сомнеж дека УДБА била (и се’ уште е) југословенска тајна служба по мерка на западните тајни служби и дипломатии. Акламативната констатација за Југославија како миленичка комунистичка творба на Западот не може да биде целосна, уште помалку искрена, доколку тој однос не биде комплетно заокружен и со односот на западните служби кон УДБА и СИД. Со повластен третман за кој Сигурими, Секуритатеа, Штази, КДС не смееле ни да помислат, камо ли да го користат како привилегија. И тој однос, како што сведочиме деновиве, е се’ уште актуелен.

(Целата колумна на Арсим Зеколи прочитајте ја на DW на македонски јазик)