|

Куќата на здравството се гради од темелот а не од покривот!

Како прво треба да се има процена на човечки ресурси на терен т.е. примарно здравство, нивните капацитети и можности да одговорат на новите предизвици со постојаните измени и дополнувања на „Мој термин“ и нивните организациски временско-просторни капацитети. Закажано на „Мој термин“ и кај матичните лекари понекогаш има од 50 до 70 „прегледи“ во еден ден. Да не се заборава дека и лекарот и сестрата се луѓе.

Ако се има во предвид дека општеството речиси да нема приоритет околу здравственото образование и подигнувањето на здравствената свест и култура, правата и обрските на нашите сограѓани, тешко ќе оди имплементирањето на постојаните измени во „Мој термин“. Понекогаш и јазичните бариери помеѓу лекарот и пациентот водат до незадоволителен резултат околу третманот на пациентите.

Откако ќе имаме малку појасна слика за вистинската состојба за македонското здравство тогаш ќе можеме да поминеме на вториот чекор-секундарно здравство-неговите ресурси и капацитети и како да се одговори на потребите на пациентите.

На крај треба да се дојде до врвот или терциерно здравство и неговите капацитети и можности а не да се надитруваме со матичните лекари кои ги советуваат своите пациенти доколку имаат потреба од лекарска помош и наместо нивните семејни лекари да ги лекуваат тие ги советуваат „одете директно на клиника таму ке ве примат без упат за преглед“.Тоа е немилосрдно трошење на скапоцениот медицински персонал кој секојдневно исчезнува по малку но сигурно. Затоа доколку овој или сличен протокол за хиерархиски подредувања на работата и улогите на секое скалило се прескокне тешко дека во таквото безредие некој ќе добие соодветна здравствена помош.

Автор: Д-р Енсер Јусуфоски, член на ИК на ГДУ

Слични Објави