|

Лишен од слобода прилепчанец, палел кабли во близина на депонијата во Струга

На 4 октомври 2025 година, околу 22 часот, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Струга го лишија од слобода 58-годишниот С.В. од Прилеп.

Според информациите од полицијата, тој бил затекнат во близина на депонијата за отпад во Струга, додека се обидувал да запали претходно собрани кабли од стари машини и други предмети, со цел да ги извлече бакарните жици.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од Министерството за внатрешни работи.



Слични Објави