МАКЕДОНЕЦ МЕЃУ НАЈДОБРИТЕ 5 ДОКТОРИ ВО БУГАРИЈА
Македонецот Борче Николовски кој потекнува од Демир Капија и работи како кардиолог во Бугарија е избран меѓу најдобрите пет лекари при интернет гласање на бугарските пациенти. Во изборот за „достојни лекари”, овој 32 годишник се најде на третата позиција.
Како што пишуваат бугарските медиуми, проектот е со цел да се врати довербата во луѓето со бели мантили. Во гласањето учествувале преку десет илјади граѓани, а номинирани биле околу 500 лекари од различни специјалности.
– Лекарот со македонски корени е дел од тимот на Оделот за кардиологиja и интервентна кардиологиja во многупрофилната болница за активно лекување – Бургасмед, појаснуваат бугарските медиуми за Николовски, при описот за лекарите.
Тој е член на Европското друштво на кардиолозите и европската асоцијација за кардиоваскуларна дијагностика. Eден од основачите на модерното отделение за каридоваскуларни болести на МБАЛ “Бургасмед” од Бургас. (Повеќе)

