МАКЕДОНИЈА VS ЕУ РУНДА ВТОРА
Да, ок ,бевме во тежок нокдаун да не знаевме ни што да правиме и признаваме.
На сцена стапија малку полесни и малку потешки дипломати да можеме некако да се отрезниме.
Јас сум од тие кои мисли дека:
Имаме ситуација и тоа можеме да го ставиме под контрола и да го контролираме исходот ,до некаде.
ПРВО И ОСНОВНО ПРАВИЛО ВО ИДНИТЕ ПРЕГОВОРИ СО ЕУ (не се однесува на датум и проширување),другото долу се само мали насоки и размисли-
1.НИЕ МОРАМЕ ДА ПРЕГОВАРАМЕ СО ЕУ БИЛАТЕРАЛНО,САМИ И НЕ ВО ГРУПА,ДЕФИНИТИВНО
Макрон како ја разви целата агенда ,а таа агенда ќе биде со сојузници кои Макрон сега ќе ги повика пред се мислам на 3-4 влади до 5 кои ќе го поддржат. Значи и тој ќе притиска и нема да биде осамен во целиот проект.Макрон не е воопшто глупав ако развил цела агенда да се судри со сите членки на ЕУ ,а по изјавите на Метју Палмер се гледа дека има мал аларм и кај една друга дипломатија која исто така има свои сојузници во ЕУ.
ФРОНТ-Макрон
2.Фронтот Макрон може да биде од Франција и неколку чудни земји ,доста во блиското минато и про-американски каде поддршката на крајот ќе биде пропусна како Мажино линијата.
3.Не смееме да го потцениме Макрон,тој со неговата големина не би сакал да издржува голем притисок и да го смени ставот. Тоа би можело да биде голем пораз за него во ЕУ но голема победа за него внатре во Франција. Чудна е логиката француска.
Со добра стратегија и впрегнување на сите капацитети и лобирање и поддршка на нашите пријатели можеме да извлечеме многу позитивен максимум од настанатата криза и за нас ама и криза во ЕУ.
ЕУ и Макрон би требало да се усогласуваат ,а ние будно да го следиме тоа.
Прво и основно што би барале да ние во овие преговори влегуваме БИЛАТЕРАЛНО, ние и ЕУ.
Веќе нема сомнеж дека групата составена од земјите се распадна благодарејќи на нашите соседи дури и пред да биде направена.
Може да им се соопшти скоро дека се изземаме од групата и дека нашите преговори со ЕУ ќе ги ставиме во билатерала.
Можеби е добар потег ова да се направи и да им се даде на нашите соседи уште малку време да размислат. Но нека не сметаат дека е блеф и нека направат симулации дали во таков развој на настаните ќе профитираат повеќе отколку да бидат во група. Тоа си е нивна работа и ние не треба да им се мешаме.
Блесаво е да разглабаме за големи политики на ЕУ па на Макрон па до Кина и Русија и Балкан.
Секогаш на маса имајте нашите интереси и нашите профити. Другите интереси и профити си се нивна работа.
Овој пат одиме таму со се на маса но посебно со нас.
Да, дефинитивно мораме да ја искористиме оваа Европска добра криза и да изведеме бенефит.
Што би било во март:
Толкав може да биде притисокот до Макрон за да направи одредени отстапки. Едно е Макрон да направи отстапка за нас.
Но доколку Макрон сепак изработи дефинитивна стратегија и ја понуди ,гледам од советниците на премиерот и од професорската фела дека таква понуда тие и лесно би прифатиле.
Односно би прифатиле секаква понуда во група. Од одма да кажам- Било какво ставање на Македонија во група не само што е лошо туку ќе не врати назад многу, доволно за да почне големата акумулација на проблеми, да излегува лесно на површина.
Ставање на Македонија во ГРУПА е рамно на наше самоубиство за подолг рок. Не сакам да пишувам зошто. Нека си направат надлежните симулациите за иднината, баталете минатото и што се случувало и каде се случувало. Имаме ситуација сега и ситуација одма.
Да скратам. Јас ставање во ГРУПА го сметам за врвна глупост и затоа предлагам следно-
1.Покренување на сета машинерија и механизми против ФРОНТОТ на Макрон
2.Да се игра до последна секунда и притисоците да бидат: Се што можеме да направиме, да биде направено.
3.Толкав да биде притисокот но во корист на Макрон да не се осети поразен – ДА ГО ДОБИЕМЕ ДОГОВОРОТ НАРЕЧЕН ,НОРВЕШКА..
Впрочем друго и не не интересира. Се другото е пораз.
Затоа дечки. Фатете се за работа. Рокот е краток.Македонија во НАТО со САД стратегиски партнер и договор “Норвешка” e најмалку што можеме да го добиеме и ќе е најмал пораз на Макрон, или пораз на Макрон или ќе падне Фронтот Макрон или ние ќе паднеме ,а вие по секако.
Ова е последна јавна колумна или анализа до Нова Година. Нека вие со среќа.
Автор: Даме Чкатроски

