МБП-СКОПЈЕ: ЛАГА Е ДЕКА МАКЕДОНСКИТЕ ДРЖАВЈАНИ СО БУГАРСКИ ПАСОШИ НЕМА ДА МОЖАТ ДА ГЛАСААТ НА ПРЕТСТОЈНИТЕ ИЗБОРИ ВО БУГАРИЈА

//

Здружението за Македонско-Бугарско пријателство-Скопје со соопштение до медиумите ги демантира лагите изнесени во јавност од одредени медиуми дека на претстојните избори за парламент во Бугарија, кои ќе се одржат во недела 4 април 2021 г. македонските граѓани со бугарски државјанства нема да можат да гласаат.

„Ви се обраќаме со цел целосно да ги демантираме лажните информации дека македонските државјани кои поседуваат и бугарски државјанства нема да можат да го искористат своето право на глас на претстојните парламентарни избори во Бугарија кои ќе се одржат на 4 април (недела) 2021 г“, велат од МБП-Скопје.

Од здружението потсетуваат дека на изборните места во РС Македонија ќе можат да гласаат сите што сакаат да го остварат тоа право.

„Во отворените изборните места на територијата на Р. Македонија во Амбасадата на Р. Бугарија во Скопје, Генералниот конзулат во Битола и во градовите Штип, Охрид и Струмица ќе можат да гласаат сите бугарски државјани кои сакаат да го остварат своето гласачко право.“

Од МБП-Скопје подвлекуваат дека нема никакви забрани за гласање и дека сите, не само тие кои се пријавиле електронски на страната на Централната изборна комисија во Бугарија ќе можат да го дадат својот глас, пополнувајќи декларација дека не гласале на друго место.



„Подвлекуваме дека нема никаква забрана за гласање на македонските граѓани со бугарски државјанства. Гласините дека ќе можат да гласаат само лицата кои се пријавиле електронски во Централната изборна комисија на Бугарија се ноторна лага. Право на глас имаат сите, а доколку не се пријавени во ниту една од избирачките секции, ќе можат да гласаат откако на лице место пополнат декларација дека не гласале на друго место.

Тоа се правилата на ЦИК, кои се во целосна согласност со бугарскиот закон за избори и нема никакви измени, дополнувања или ограничувања“, велат од МБП-Скопје.

„Секој македонски граѓанин со бугарски пасош во недела 4 април 2021 г. во веќе објавените избирачки места во Скопје, Битола, Штип, Охрид и Струмица ќе може да го оствари своето право на глас“, стои во соопштението на МБП-Скопје.

Претходна статија

ЕДУАРД ХЕГЕР ИМЕНУВАН ЗА НОВ ПРЕМИЕР НА СЛОВАЧКА

Следна статија

ГЕРМАНИЈА: ВАКЦИНИРАНИТЕ ПОД 60 ГОДИНИ СО „АСТРА ЗЕНЕКА“ ДА НЕ ЈА ПРИМАААТ ВТОРAТА ДОЗА

Најново од Вести