|

Меџити го повика разрешениот Јовев да му биде советник, не одговори дали ќе си ја преиспита одлуката за промена

Министерот за здравство Фатмир Меџити го повика разрешениот директор Сашко Јовев од Кардиохирургија, да му биде советник во Кабинетот. Не одговори на прашањето дали ќе ја ревидира неговата одлука за Јовев да се врати на директорската позиција, туку рече само дека тој ќе остане вработен.

„Го повикувам да биде национален советник за кардиохирургија. Јовев продолжи да биде вработен во Клиниката за кардиохиругија. Ќе ја има мојата посветеност и поддршка во натамошното работење“, рече Меџити.

Меџити посочи дека ќе бара зголемен буџет за Клиниката од која го разреши Јовев.

„Целта е Клиниката за кардиохирургија и програмата за трансплантација да функционираат позитивно и да ги зголемиме резултатите“, додаде тој.

Министерот посочи дека Јовев е само дел од промените кои тој ги прави.

„Сегде ќе има инспекции, каде ќе има нерегуларности и индиции за злоупотреба, ние таму и ќе постапиме“, додаде Меџити.



Слични Објави