МИЦКОСКИ, АКО ИМАШ ПЛАН КАЖИ ГО ИЛИ ЧЕКАШ ДА ТИ ГО НАПИШАТ ИСТО КАКО ПАТРИОТСКИОТ ГОВОР ОД ДЕНЕСКА?!

Истакнато Краток спој Позиција

Денеска иднината на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски (како што тој самиот се нарече) се одважи да одржи „патриотски“ говор пред луѓево што протестираа пред собрание. Вчера ги одби истите тие луѓе бидејќи говорот уште се пишуваше…

На минатото на ВМРО-ДПМНЕ, политичкиот азилант Никола Груевски исто така му ги пишуваа говорите… и тие што ги делеше на слогови на албански и оние патриотскине.

Иднината и минатото на ДПМНЕ се технократи, тие се разбираат од проекти, не е нивна работа да филозофираат пред микрофонот на јавноста. Тие се научени да работат 24/7, 365 дена во годината.

Јас како еден обичен смртник би сакал да го прашам патриотот Мицкоски, ако навистина верува во тоа дека ЕУ и НАТО се иднината на Македонија, каков е неговиот алтернативен план за да се избегне промената на уставното име, а нашата земја да стане дел од евроатлантските структури?

Способен ли е да постигне подобар договор со Грците? Јас лично се сомневам, бидејќи човекот не е способен да каже 10-тина реченици онака од душа пред демонстрантите, па мора своите говори „полни со црнилата што ги донесе Заев“ да ги чита од едни смешни картончиња. Ќе речете дека едното нема врска со другото , ама нема да се согласам, бидејќи кога веќе имаш муда да се објавиш против Преспанскиот договор, треба да имаш некаква алтернатива. Каква и да е таа.

Јас не верувам дека Мицкоски во моментот има било каква алтернатива во однос на евроатлантската иднина на Македонија… но, може ќе му ја напишат на неколку картончиња исто како патриотскиот говор од денеска и новокомпонованиот „војвода“ ќе ја сподели со нас. Јас лично ќе очекувам со нетрпение нешто подобро од капитулантскиот договор на Заев.

Јас мислам дека двајцата се договорени… едниов ќе се согласува со сѐ, а другиов демек ќе му глуми опозиција. Проблемов е во тоа што додека Заев и Мицкоски си играат на одговорни политичари, едни други момчиња… тивко тивко си билдаат политички рејтинг врз главите тие што овие два дена мрзнеа пред собрание.

27 години се договарате, договорени сте и сега, толку се проѕирни работиве што веќе ви веруваат се помалку луѓе. Не ми верувате, ќе се убедите и сами кога ќе морате пак да го намалите цензусот за избор на следниот фикус (овој пат консензуален) во вила Водно. Март чука на портите, македонската пролет доаѓа.

Автор: Батко Тане