| |

МИЛИОНИ АЏИИ ОД ЦЕЛ СВЕТ ГО ЗАПОЧНАА ХАЏОТ ВО САУДИСКА АРАБИЈА

Повеќе од два милиони верници од целиот свет во неделата започнуваа со главните ритуали на аџилакот на светите локации во Саудиска Арабија, објавија арапските медиуми.

Ноќта од сабота кон недела, повеќето муслимани кои дојдоа во Саудиска Арабија за да го изведат Хаџот се сместија во специјално опремени кампови во долината Мина во предградието на Мека. Утрото, облечени во бели облеки, по ритуалот на дарување вода, ќе тргнат пешки по патеката од 25 километри до планината Арафат. Таму, верниците ќе го извршат главниот ритуал на Хаџот – бдеењето со стоење на планината Арафат. Без овој ритуал, аџилакот се смета за невистински.

Обредот на бдеење на планината Арафат ќе се одржи во понеделник, 20 август. Тогаш ќе се изврши и обредот на традиционалното каменување на Шаитанот на мостот и животинско жртво принесување. Ова ќе го означи почетокот на главниот муслимански празник Курбан Бајрам, кој оваа година се паѓа на 21 август.

Слични Објави