ММС: Noadsbook.com прва македонска социјална мрежа
Васко Цветковски од Ресен заедно со три 19-годишни девојки од Свети Николе Надица, Јована и Бојанa ја создадоа првата социјална мрежа „Noadsbook.com“ во Македонија која со пет долари инвестиција (честејќи се меѓусебно кафе) нуди можност сите заедно да станеме еден колективен македонски Марк Цукерберг.
Како што вели Васко, целта е сите заедно да изградиме социјална мрежа, далеку од комерцијалното работење и рекламите, којашто ќе биде место каде што членовите ќе пишуваат и споделуваат идеи и концепти кои имаат длабочина, тежина и значење, а не место за порнополитика, турбофолк селфиња, комшиски оговарања и лажни вести.
(Прочитајте го целиот напис овде)
Автор: Моника Пејоска Насковска