Мрачни натписи на градинка во Ѓорче Петров: „СОНК убијци на деца“

/

„Убијци“, „фашисти“, „СОНК убијци на деца“ се само дел од натписите кои биле испишани во текот на ноќта на ѕидовите од градинката „Росица“ во Ѓорче Петров. Ова доаѓа откако пред два дена, имаше и закани кон директорката на градинката, како и вработени во истата градинка. Sидовите на објектот се ишарани во текот на ноќта. Состојбата утрово први ја затекнале вработените. Градоначалникот на Ѓорче Петров, Александарт Стојкоски, бара итно пронаоѓање на сторителите.

„Го осудувам овој чин на вандализам насочен кон општествените добра. Ова се толкува како директен притисок и закана врз вработените во градинката. Апелирам до МВР под итно и во најбрз можен рок да ги пронајде сторителите и да ги санкционира“, вели Стојкоски.

Во текот на неделава, родител на две деца кои биле згрижувани во градинката вербално напаѓаше вработени. За него беше неприфатливо решението, неговите деца поради штрајкот да бидат сместени во друг објект. Непознато е дали тој случај е поврзан со овој.



Извор: Temite

Претходна статија

Заврши грејната сезона

Следна статија

Еве што велат Американците, за евентуалното одвојување на Албанија и Северна Македонија на патот кон ЕУ

Најново од Вести