|

„Мртви сме, ви благодариме што не изневеривте“- порака на сирискиот народ кој е на раб на пропаст

Преживеаните во Сирија се обидуваат да го свртат вниманието на последиците од земјотресот и фактот дека помошта не стигнува до нив поради санкциите на ЕУ.

Вработените во итната помош предупредија дека доцнењето може да ги чини живот бидејќи локалните спасувачки тимови се борат да ги извлечат семејствата и децата од урнатините.

Очајните преживеани од разорниот земјотрес во северна Сирија напишаа потресна порака на урнатините додека регионот разурнат од војна чекаше помош која никогаш не дојде.

“We are dead. Thank U for letting us down” . A message from NW #Syria to the world. The most powerful, richest countries failed to get the desperately needed help to area since the #earthquake of 6 days ago. More people could have been saved from under the rubble. pic.twitter.com/7Gl7H0Mlbg

— Donatella Rovera (@DRovera) February 11, 2023

Моќната порака гласи: „Ние сме мртви. Ви благодариме што нè изневеривте“, откако бројот на загинатите од земјотресот пред седум дена во земјата надмина 3.500 лица.

Амбасадорот на Сирија во Србија, Басем Јаман Ага, вели дека на земјата и е потребна секаква помош по разорниот земјотрес во кој загинаа повеќе од 3.000 луѓе во Сирија, а бројот на повредени надмина 8.000. Тој посочува дека на Сирија и е потребна помош не само поради размерите на катастрофата што го снајде регионот, туку и поради „недостигот од неопходни потреби поради санкциите на Западот против таа земја“. Како што наведе, на Сирија пред се и треба медицинска опрема, лекови и храна.

„Сирија е подготвена да прифати секаква помош. Немаме доволно опрема и механизација за спасување и потрага по исчезнатите. Некои пријателски земји како и некои арапски земји, испратија спасувачки тимови и други видови помош по воздушен пат, но ова не е доволно за да се покрие степенот на последиците од разорниот земјотрес, кој создаде вистинска хуманитарна катастрофа“, нагласи Ага.



Слични Објави