МВР ВО ПОСЛЕДНИТЕ 24 ЧАСА ПРИВЕДЕ 95 ЛИЦА КОИ НЕ ГО ПОЧИТУВАЛЕ ПОЛИЦИСКИОТ ЧАС
Во текот на изминатото деноноќие на територијата на државата се издадени решенија за изолација на 109 лица, а 112 потпишале изјави за самоизолација, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).
Според статистиката на МВР, полициски службеници извршиле контроли над лица во изолација и самоизолација, при што е констатирано дека едно лице во самоизолација, не било затекнато во својот дом.
Во однос на забраната за движење во текот на изминатите 24 часа, на ниво на цела држава е евидентирано дека 242 лица не ја почитувале забраната за движење, при што се приведени 95 лица, опоменати се 37 лица, а за останатите се изготвени записници, се наведува во соопштението од МВР.

