На Клиниката за траумaтологија починало 15 годишно момче при операција на колено
Петнаесетгодишно момче од Скопје вчера ноќта починало во операциона сала на Клиниката за трауматологија, во Скопје, при рутинска операција на скршеница на ногата, јавува порталот „Сакам да кажам“
Детето вчера вечер било примено во Ургентен центар на скопските клиники, со скршеница на коленото и било хоспитализирано за операција. Од Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ) велат дека починало како резултат на негативна реакција на дел од анестетиците.
Од Министерството за здравство соопштуваат дека ќе ги испитуваат причините за смртта на момчето.
Според првичните информации станува збор за малигна хипертермија која се случува во многу ретки случаи кај пациенти кои имаат генетска предиспозиција. Целиот кадар на Клиниката за ортопедија бил максимално ангажиран во напорите да се спаси момчето. Исто така формирана е и комисија на Клиниката која ќе го анализира случајот и по добивање на официјалните резултати од обдукцијата ќе се соопштат транспарентно на целата јавност.