НА „ОХРИДСКО ЛЕТО“ ВЕЧЕРВА Е ВРОЦЛАВСКИОТ БАРОКЕН АНСАМБЛ

/

Во рамките на програмата на фестивалот „Охридско лето“ вечерва (18 јули) со почеток во 21 часот во црквата Св.Софија е предвидена т.н. Полска вечер и концертен настап на Вроцлавскиот барокен ансамбл. Овој реномиран музички состав е основан од уметничкиот директор и диригент Анджеј Косендиак …

Ансамблот е постојано активен и соработува со музичари од Вроцлавскиот барокен оркестар, како и со голем број други изведувачи од Полска и Европа. На нивниот репертоар, пред сè е барокната музика со особен акцент на онаа од полските композитори. Покрај камерните дела, ансамблот често изведува и ораториуми и кантати. Досега се претставил на најголемите фестивали во Полска, има издадено неколку компакт дискови, од кои значајни се оние со музика на полскиот композитор Горчицки.

На програмата вечерва се дела од познатите полски композитори од 17 век: Горчицки и Шажињски.



Претходна статија

GIF: КОГА ЌЕ СЛУШНЕШ ДЕКА БАБА ТИ ОД АВСТРАЛИЈА ТЕ СПОМНАЛА ВО ТЕСТАМЕНТОТ

Следна статија

НАЈУБАВИТЕ ПЛАЖИ ВО СВЕТОТ (ГАЛЕРИЈА)

Најново од Истакнато

Кога идентитетот е бетон

Пишува: Ѓорѓи Трендафилов Вчерашниот фудбалски натпревар меѓу Северна Македонија и Бугарија е одличен настан за крај