НА РОНАЛДИЊО МУ СЕ ЗАКАНУВА ТУЖБА И ПОРАДИ – ПЕРЕЊЕ ПАРИ
Поранешниот бразилски фудбалер Роналдињо е во моментов во затвор во Парагвај поради фалсификувани документи, а сега наводно му се подготвува уште една тужба и тоа за „перење пари“.
Бразилските медиуми објавија дека Роналдињо должи два милиони евра за данок поради што му биле одземани пасошите, а исто така и има долгови од дополнителни четири милиони евра на уште неколку места.
Се проверуваат и неговите врски со бизнисменката Далија Лопез, која е обвинета за „перење пари“. Таа го пречекала Бразилецот на аеродромот во Парагвај, а потоа и му го организирала патот до главниот град.
Криминалната организација се обвинува дека „испрала“ 400 милиони евра, а во тоа им помогнал и Роналдињо.
Извор: Спорт1
