Најголемото друштво на бугарските евреи во Израел прослави 90 години од основањето
Најголемата организација на бугарските Евреи во Израел „Ехуд олеј Бугарија“ свечено ја прослави својата 90-годишнина, јавува бугарската амбасада во Израел, пренесува БНР.
Специјално за празничниот концерт на 3 јуни во театарот „Гешер“ во Тел Авив пристигна фолклорниот танцов ансамбл „Средец“ од Бугарија. На сцената настапиле исто така израелскиот трубач и уметник со бугарско потекло Арик Давидов и пријатели, како и една од најзначајните институции на бугарските Евреи во Израел – хорот „Садиков“.
„Во своето обраќање, амбасадорката Славена Герговa ја поздрави ‘Ехуд олеј Бугарија’ од името на министерот за надворешни работи на Бугарија. Таа ја потенцираше значајната улога на организацијата за развојот на пријателските односи помеѓу двата народа и за зачувувањето на бугарската култура и дух во еврејската држава“, се дознава понатаму од објавата на бугарското дипломатско претставништво.
Срдечни поздрави до присутните преку видео обраќање упати и претседателот на Израел – Исак Херцог.

