НАЈМАЛКУ 46 ЗАГИНАТИ ВО БУНТ ВО ЗАТВОР ВО ВЕНЕЦУЕЛА

/

Во бунтот што избувна во затворот во Венецуела, се убиени најмалку 46 лица и повредени деветмина, меѓу кои и директорот на затворот, се вели во воениот извештај што го прими Франс Прес.

Немирите избувнаа во затворот Гуанаре во Лос Лианос, кога затворениците „ја скршиле безбедносната ограда околу затворот , во обид за масовно бегство“, се вели во документот.

Дури 46 лица го загубија животот, а девет се повредени, но тој број сепак може да расте, се вели во воениот извештај.

Затворскиот персонал, чуван од војската, се обидел да преговара со водачот на бунтовниците. Но, затворениците жестоко ги нападнале, ранувајќи го директорот на затворот „во рамото со остар предмет“.

„Конфликтот сè уште трае“, рече Каролина Гирон од Венецуелската опсерваторија за затвори, невладина организација што ги брани правата на затворениците, за АФП. Според нејзиното мислење, затворениците се побуниле затоа што биле жртви на насилство и им била „забранета посетата и немале ниту леб и вода“.



Околу 2.500 затвореници се затворени во преполнетиот објект со капацитет од 750 места, рече таа.

Поради пандемијата во Венецуела, е забранета посетата од семејство и пријатели. Благодарение на овие посети, тие најчесто примале храна и лекови. Опсерваторијата наведува дека 97 затвореници починале минатата година зад решетките, од кои 70 проценти се должи на болести како што е туберкулоза поради недостиг на лекови и медицинска помош.

Венецуелските власти велат дека нема случаи на инфекција со коронавирус во затворите во таа земја.

Претходна статија

(ВИДЕО)НИКОЛОСКИ: ДАЛИ ЗАЕВ СЕ СОГЛАСУВА ДЕКА НИЕ НЕ ЗБОРУВАМЕ МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК

Следна статија

ДИРЕКТОРОТ НА „ХИТРОУ“: НЕ Е ВОЗМОЖНО ОДРЖУВАЊЕТО НА СОЦИЈАЛНА ДИСТАНЦА НА АЕРОДРОМИТЕ

Најново од Вести