НАСТАВНИЧКА ВО РОСОМАН ПОЗИТИВНА НА КОВИД-19, 23 УЧЕНИЦИ ВО ИЗОЛАЦИЈА
Наставничка ги „испрати“ во изолација 23 ученици од две росомански села, откако стана јасно дека истата е позитивна на Ковид-19. Веста за Канал 5 ја потврдил доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемилог при кавадаречкиот Центар за јавно здравје.
Според информациите од Центарот во Тиквешко во последното деноноќие починале четири лица, а новодијагностицирани се12 лица на возраст од 16 до 68 години. Починатите се на возраст од 67 до 78 години.

