| |

НЕМА НОВИ МЕРКИ – СЛЕДНИОТ СОСТАНОК НА КОМИСИЈАТА ЗА ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ Е ВО ВТОРНИК

 

Комисијата за заразни болести на денешниот состанок ја разгледала актуелната состојба со епидемиолошката ситуација во земјава и заклучила дека нема потреба од дополнителни рестриктивни мерки.

Тоа значи дека ќе нема карантин за наредниот викенд, а во сила останува актуелната мерка – полициски час од 22 до 05 часот, која ќе трае до 6 април.

Комисијата повторно ќе заседава во вторник наредната недела, кога пак ќе ја разгледува епидемиолошката состојба.



Слични Објави