Новата надеж во ММА борбите Бекир Асани од ДУИ му се закани Конор Макгрегор
Бекир Асани од ДУИ нема сопирачки. Најпознатиот тепач од редовите на „интегративците“ му се закани на светски познатиот ММА борач Конор Макгрегор. Изгледа Асани планира да влезе на голема врата во светот на ултимејт натпреварите и затоа по успешните борби против Тодор Петров и припадничката на МВР, веќе се чувствува доволно подготвен за да го предизвика и големиот шампион од Р. Ирска. Го очекуваме одговорот на големиот Конор, но го предупредуваме дека, ако борбата се одвива според „битпазарските“ правила за street fight, шансите за негова победа се речиси рамни на нула.
(Написите објавени во рубриката „Кромидарки“, се плод на имагинацијата на нашиот мал, но сплотен колектив. Тие не спаѓаат во така озогласената категорија fake news, бидејќи немаат за цел да шират страв омраза и параноја, туку се обид за малку поинаков поглед на нашата реалност. Се надеваме дека личностите спомнати во нашите написи, ќе погледнат на нашиот труд со чувство за хумор и нема да нѐ шетаат по судови ? ).

