| |

НОВИ 8 СЛУЧАИ НА КОВИД-19 И ЕДНА ПОЧИНАТА ПАЦИЕНТКА

Во изминатите 24 часа направени се 185 тестирања, а потврдени се 8 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-3, Битола-1, Велес-4, јавува АлсатМ.

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 21 оздравен пациент во: Скопје-8, Куманово-6, Штип-1, Прилеп-2, Тетово-1, Велес-1, Кочани-1 и Македонски Брод-1.

Согласно ова вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1526 , бројката на оздравени пациенти е 1013 , на починати е 86, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 427.

Во ГОБ „8 септември“ почина пациентка од Тетово на возраст од 59 години која 15 дена била во тешка состојба и на респираторна машина.

Слични Објави