ОЧЕКУВАНО: ЕВРО 2020 ЌЕ СЕ ИГРА ОД 11 ЈУНИ ДО 11 ЈУЛИ 2021 ГОДИНА

/

Тоа што и се очекуваше, Европската фудбалска унија (УЕФА) го одложи Европското првенство закажано за летово од 12 јуни до 12 јули во 12 градови низ Европа, па денеска на видео-конференцијата, раководството од Нион соопштило дека се презакажува континенталниот шампионат за идното лето.

Шпански и италијански медиуми веќе објавија дека УЕФА на националните федерации им ја соопштила одлуката за одложување на Евро 2020, а норвешката федерација веќе го откри терминот – идната година ЕП ќе се игра од 11 јуни до 11 јули. Со ова откажување се одложуваат нормално и баражите за пласман на Евро 2020, меѓу кои и мечот Македонија – Косово, но допрва ќе треба да се соопштат детали за новите термини.

УЕФА претходно објави во видео-конференцијата со лигите, клубовите и здружението на фудбалерите дека сезоната ќе продолжи од 3 мај, а да заврши до 28 јуни, а ако коронавирусот и пандемијата тоа не го дозволат, тогаш да се поништат шампионатите.



Извор: Спорт1

Претходна статија

БЕКТЕШИ СО АПЕЛ ДО ГРАЃАНИТЕ: КУПУВАЈТЕ РАЗУМНО ИМА ДОВОЛНО ХРАНА

Следна статија

ДИМИТРОВ: МАКЕДОНИЈА ВЕЌЕ Е ДЕЛ ОД НАТО, ШПАНИЈА ГО РАТИФИКУВАШЕ ДОГОВОРОТ

Најново од Вести