|

Одбележуваме 119 години од смртта на војводата од редовите на ВМОРО Сава Михајлов

На 1 март 1905 г. кај гевгелиското село Смол загинува познатиот револуционер и војвода на ВМОРО – САВА МИХАЈЛОВ ЈОСИФОВ. Роден е во гевгелиското село Мачуково, 1877 г. Завршува во Солун Бугарска машка гимназија и потоа е учител во Горна Џумаја, каде што е и реонски раководител на ВМОРО. Таму се присоединува кон четата на Јане Сандански и Христо Чернопеев и учествува во аферата Мис Стоун. Од почетокот на 1903 г. е војвода во Гевгелиско. Учествува во Илинденското востание и заедно со Аргир Манасиев организираат диверзија на железничкиот мост на Вардар крај Гевгелија. Предадени од некои овчари Арнаути, заедно со четата на Апостол Петков (заедно 42 лица) се опколени од турска војска. Во борбата загинуваат 36 души, меѓу нив и Сава Михаjлов, а војводата Апостол Петков, ранет во петата, со петмина четници успеваат да се спасат. Сава Михајлов сам се отрул, за да не биде фатен жив од Турците. Турската влада им доделува награди на сите учесници од турска страна со медали, пари итн.

“Во текот на 1904 – 1905 г., бев учител во с. Мачуково, расположено на левиот брег на р. Вардар, близу до кое се одигра крвавата драма меѓу четите на Сава Михајлов, Апостол Петков, и турскиот аскер и башибозук. Непосредно по отварањето на училиштето во селото почнаа да идат грчки андарти, гостопримливо пресретнати од турските субаши и полјани, како помошници на последните во прогонувањето на Бугарските “комити”. За истата цел во синорите на околните села Смол и Бајалци беа населени по пасиштата овчари – Арнаути, кои навремено да им соопштуваат на тамошните власти за секое забележано од нивна страна движење на Бугарски чети или нивни курири. При таа ситуација движењето на секоја чета требаше да стане многу тајно и предпазливо и при тоа водена од курири месни жители…

Кога на другиот ден после битката властите позволија на селскиот свештеник, неколу селани и мене да ги погребаме телата на четниците, останавме ужаснати од потресувачката слика: телата на сите четници беа сосема голи, избодени и со распарани стомаци. Башибозукот откако ги соблекок долните и горните алишта, крпите, чорапите и опинците на четниците, се предал на зверство. Само телото на Сава беше не прободено, макар што и тоа беше голо, како на четниците; по неговото тело не најдовме и никаква рана од куршум; тој се самоубил со стрихинин и за сведоштво служеше најдената до него кутија со стрихинови апчина.“

ПОСЛЕДНАТА БИТКА НА САВА МИХАЈЛОВ, Андон Јанев од с. Смоквица

Слични Објави