Одбележуваме 126 години од смртта на големиот бугарски педагог, општественик и филантроп Јосиф Ковачев
На 31-ви октомври 1898 г. во Софија умира ЈОСИФ АНТОНОВ КОВАЧЕВ, виден педагог, обштествен и државен деец, депутат и филантроп.
Роден е на 14-ти јануари 1839 г. во Штип. Негов брат е револуционерот на ВМОРО Михаил Ковачев. Јосиф учел во взаемно училиште во родниот град и црковно пеење во Гнилане. Продолжил во духовната семинарија во Белград, а потоа се префрла во Киевската семинарија. Се враќа назад и до Ослободувањето учителствува во Габрово, од каде што е интерниран по наредба на Мидхат паша во Штип и во Прилеп. За прв пат ја употребува класно-урочната организација на обука и звучната метода, воведена успешно во Бугарското машко училиште во Прилеп, кога бил таму и директор. Во Штип го создава првото Бугарско машко педагошко училиште. Покасно е назначен за училишен инспектор во Ќустендил. Во 1873 г. излегува неговата книга „Школска педагогија или методично раководство за учителите и управителите на народни школи“, која што е првиот бугарски учебник по педагогика. Во 1875 г. издава „Бугарски буквар по звучната метода за народните школи“, кој излегол едновремено во Пловдив, Русе и Велес, и претрпел 5 изданија. По ослободувањето на Бугарија тој е началник на народната просвета во Пловдив, а потоа е училишен инспектор во Софиската губернија. Назначен е за народен представник во Основачкото собрание во 1879 г. од рускиот императорски комисар Александар Дондуков-Корсаков. Потоа е избран за председател на Губернискиот совет во Софија. Во 1880 г. е избран за депутат во Првото народно собрание. Зазема должности главен секретар на Министерството на внатрешни работи, член на Државниот совет и кмет на Софија. Од 1888 г. до крајот на животот предава педагогика во Вишето училиште во Софија (денес универзитет). Во 1895 г. на II македонски конгрес е избран за подпредседател на Врховниот македонски комитет. На III македонски конгрес е избран за председател, од март до јуни 1897 г. Заедно со сопругата Екатерина формират фонд за поттикнување на млади истражувачи во областа на историјата на бугарскиот јазик и на педагогиката и заветуват 1 220 000 лева на Софискиот универзитет.
Јосиф Ковачев умира на 59 годишна возраст.
“Охрабрена прилепската обштина од брзиот успех на училиштата имала амбиција да го направи прилепското училиште расадник за наука и просвета во западна Македонија. За таа цел со писмо од 5-ти јули 1874 г. се обрнала до „родољубивиот“ г. Јосиф Ковачев во Штип и го молела „да ја земе грижата за процутување на училиштата, така што населението ја познало веќе неодложната потреба од просвета и напредок.“
Ковачев одговорил позитивно и на 18-ти јули 1874 г. бил поставен за учител и директор. Неспоредлив бил Ковачев кога предавал лекции во основното училиште; со таков ентузијазам, страст и умеење работел. И така Ковачев наполно ги оправдал желбите на прилепската обштина. Прилепското IV класно училиште се издигнало пред очите на Бугарите од западна Македонија и почнале да барат учители меѓу тие кои го свршиле курсот. Мислам, нема да згрешиме, ако признаеме, дека прилепското училиште било првото средно учебно заведение во тоа време во Македонија. Испитот и годишниот акт на крајот завршвал со пеење на бугарски и турски песни. Во Прилеп Ковачев останал 3 години и спомените за него се големи кај прилепчани.
Годината 1877 беше една од најмрачните за Бугарскиот народ воопшто, а особено за бугарските учители. Бурата се приближи и кон Прилеп. Власта будно го следеше секое движење на учителите и поинтелигентните граѓани, додека еден ден Ковачев не беше уапсен и однесен во Солун, а учителот Н. Ганчев со време беше отстранет од градот.“
