Одбележуваме 163 години од смртта на големиот бугарски преродбеник од Македонија Димитар Миладинов
На денешен ден во 1862 г. умира големиот бугарски преродбеник од Македонија ДИМИТАР ХРИСТОВ МИЛАДИНОВ, познат просветител, книжевник, фолклорист и борец за национална независност.
Димитар Миладинов е роден е во Струга 1810 г. Послушник е во манастирот „Свети Наум“. Во 1829 г. учи во грчко училиште во Охрид. Покасно работи како учител во Охрид, а потоа го продолжува образованието во гимназијата во Јанина. Одново учителства во Охрид, но е принуден од грчкиот владика да го напушти училиштето. Предава во училиштата во Струга, Кукуш и одново во Охрид и Струга. Во тоа време се сретнува со украинскиот филолог Виктор Григорович, кој што прави продолжителна етнографска обиколка низ бугарските земји и кој го вдахновува да започне да собира фолклорни материали. Покасно Миладинов е учител во битолското село Магарево и во грчко училиште во Битола. За време на Кримската војна ги обиколува Босна и Херцеговина. Во 1856 г. како учител во Прилеп успева да воведе изучавањето на бугарски јазик во грчко училиште. Заради родољубивата дејност е прогонуван од грчкото духовенство. Учителствува пак во Кукуш, Струга, Охрид и ја продолжува борбата за равноправност на Бугарите и нивната култура. Обнародува дописи во „Цариградски вестник“, ги обиколува македонски села и градови, за да собира помоши за доизградбата на бугарскиот храм „Свети Стефан“ во Цариград. Објавен за „царски душман“ и е уапсен од турските власти. Лежи во затворите во Охрид, Битола, Солун, Цариград. Основната заслуга на Димитар Миладинов е собирањето и издавањето на зборник со автентични народни песни „Български народни песни“ во Загреб, 1961 г. заедно со брат му Константин Миладинов.
По клевети на грчкиот владика Мелетиј Димитар Миладинов е уапсен во Струга и е однесен во Цариградскиот затвор, каде што умира на 11-ти јануари 1862 г, веројатно отруен од фанариоти.
“Во прочуениот град Охрид не остана ништо од великолепие, и од стародревности, само светите мошти од светога Килмента. Но најарното, најубавото, најчестното ни остана – крвта цела Болгарска блага!
Во целата околија на Охрид немат ни една фамилија грчка, освен три четири сега влашки, а свите други се чисто Болгарско племе. Сите што ги слушат Болгарите се радуват зашто го разбират Болгарскиот јазик, а едни от радост плачат.
Сите свештеници охридски имат ревност за матерниот јазик, мнозина на наш Болгарски јазик преводват от Евангелието грчко на Болгарски, со грчки писма и го пејат по црквите… А Варошаните сите имат желба и печалат за Болгарското развивање и за трговијата во Охрид.”
“После вашето заминување не сум примил ниту еден ред. Меѓутоа моите напори за нашиот Бугарски јазик и Бугарските [народни] песни, според Вашата порака, се ненадминати. Не престанвам да продолжувам со исполнувањето на моите ветувања кон Вашата милост, зашто Бугарите спонтано се стремат кон вистината. Но нека ми биде простено досегашното одлагање, зашто се помачив при изборот на најдобрите песни, а исто и при работата врз граматиката. Се надевам при вториот погоден случај, од како соберам повеќе песни и ја завршам граматиката, според Вашите топли желби, да Ви ги испратам, кога ми напишете каде и преку кого сигурно можат да Ви бидат предадени.“
Писмо од Димитар Миладинов до Виктор Григорович, 25. 02. 1845 г.