Одбележуваме 87 години од подвигот на Владо Шофьора

//

На 9 октомври 1934 г. граѓаните и гостите на Марсеј го поздравуваат кралот на Југославија Александар I Караѓорѓевиќ, којшто се наоѓа во официјална посета на Франција. Во отворениот автомобил се наоѓаат кралот Александар, францускиот министер за надворешни работи Луј Барту, херојот од Првата светска војна генерал Жорж. Автомобилот се движи бавно по улица „Ла Канебер“, во придружба на двајца офицери на коњи. Повеќе од 1500 полицајци се ангажирани да го обезбедуваат настанот. Во 16:20 часот, кортежот навлегува во плоштадот пред берзата.

Неочекувано еден спортски граден, не висок маж, успева да е протне меѓу двајца полицајци и со вик на француски јазик „Да живее кралот!“ стигнува до автомобилот и со светкавична брзина вади пиштол и почнува да пука кон кралот Александар. Владарот на Кралство Југославија е погоден во срцето и црниот дроб. Генералот Жорж што седи до кралот се обидува да го запре атентаторот, но неуспешно и е погоден од четири куршуми. Кралот Александар умира после неколку минути.

Еден од офицерите на придружбата успева да го совлада својот исплашен коњ и со неколку удари со својата сага успева да го симне атентаторот на земја. Но последниот продолжува да пука и убива еден припадник на обезбедувањето на кортежот. Еден од куршумите на атентаторот го погодува министерот Барту во раката. Подоцна шефот на француската дипломатија е однесен во болница, но умира по операцијата. Макар и повреден атентаторот прави обид да се самоубие, но е запрен од полицајците кои потоа го носат во болница. Во 8 часот вечерта напаѓачот умира од своите рани. Во него е најден чехословачки пасош со името Петар Ќелемен, а на неговото рамо е истетовиран костур со вкрстени коски и зборовите „1924 г. ВМРО, Слобода или смрт“.

Вистинското име на атентаторот е Величко Димитров Керин. Познат во редовите на Организацијата како Владо Черноземски или Владо Шофьора. Останатото е историја…



Претходна статија

Опожарен угосителски објект – изборен штаб на политичка партија во Кичево

Следна статија

Ноев: Додека РС Македонија не почне да ги почитува правата на Бугарите, прашањето за стартот на преговорите со ЕУ нема да се реши

Најново од Вести