|

Одбележуваме 90 години од смртта на големиот бугарски општественик, фолклорист и публицист Васил Икономов

На денешен ден ја одбележуваме 90-годишнината од смртта на големиот бугарски општественик, публицист и фолклорист Васил Икономов. Роден на 6 мај 1848 година во Лазарополе, Дебарско, тој учи во родното село, а потоа во богословското училиште во Атон. Под влијание на Стефан Верковиќ почнал да собира и објавува фолклорни и етнографски материјали. Неговиот прв зачуван ракопис е “Опис на Кичево.” Во текот на Првата светска војна Васил Икономов бил ангажиран со јавна служба како градоначалник на родното Лазарополе од ноември 1915 г до крајот на 1917 година во време на бугарската власт, а подоцна бил бил префрлен во Требишката општина. За негово време во селото било образувано читалиште, за чиј претседател бил именуван свештеникот Данаил поп Костов (братучед на Васил Икономов), а за раководител бил определен тогаш главниот учител во селото, неговиот син Методија Поповски.

Васил Икономов останува останува познат по двата зборника за народни песни и обичаи. Првиот од нив, “Зборник на стари народни песни и обичаи во Дебар и Кичевско (Западна Македонија)” е издаден во Софија во Печатница „Македонија“ 1893 г. Во предговорот Икономов забележува дека “со ова дело на веќе објавените многу други додаваме уште една збирка народни умотворби, според изразена желба на покојните браќа Миладиновци.” Претплатници на зборникот се ученици и професори од софиските гимназии, студенти и службеници од вишата школа во Софија (дн. Софиски универзитет “Св. Климент Охридски”), како и многу обични граѓани од Софија и од селата Новоселци, Суходол, Искрец, Доброславци и други во околината на главниот град на Бугарија. Детални информации за зборникот може да се најдат на страницата на библиотеката Струмски.

Вториот зборник е издаден две години подоцна во Солун во Скоро-печатница на С. Муратори и С-ие под насловот “Зборник од стари народни песни од Дебарско, Кичевско и Охридско.” Во предговорот авторот пишува: „Човекот е среќен и радосен кога живее меѓу својот народ, кога има на кого да му се радува и кој на него да му се радува и кога ги извршува своите древни обреди и обичаи во татковата куќа. Драг читател, ако ти не си потрошен и уморен човек од многуте студии, треба да го сакаш тоа што ти останало од дедо ти и баба ти, тоа треба да му се допадне на секој Бугарин. Jас сум живел меѓу много народи, но не сум го нашол она што моето срце го посакува. Сè е туѓо. Кај нас не е така. Ние имаме сè што останало од старите. Знам дека многу од нашите учени луѓе ќе се смеат на ова и ќе речат: ‘Белким, не е голема глупост да ги сакаш овие обични традиции, кои немаат ништо важно да им се радуваме!’ Нека ни се смеат! Народните обичаи ни се свети.”

Целиот зборник може да биде прочитан на страницата на библиотеката Струмски.


Предговор кон “Зборник од стари народни песни од Дебарско, Кичевско и Охридско.” Печатница на С. Муратори и С-ие, Солун, 1995 г.

По крајот на Првата светска војна, Васил Икономов е уредник на весникот Македонија во Софија каде бил и стариот Марко Цепенков. Се вратил во Лазарополе во крајот на 1918 година, каде е осуден на бесилка од српските власти заедно со неговиот син Методија. Двајцата биле спасени, благодарение на членот на ВМОРО Васил Чоланчевски од Галичник. Икономов доживеал до 86 години и водел мирен старечки живот.



Слични Објави