|

Одбележуваме 96 години од убиството на генерал Александар Протогеров

На 7 јули 1928 г. во Софија убиен е од егзекутор на ВМРО – АЛЕКСАНДАР НИКОЛОВ ПРОТОГЕРОВ – политичар, генерал и раководител на Внатрешната македонска револуционерна организација. Роден е 1867 г. во Охрид, се школувал во родниот град и во Софија. Во 1885 г. учествувал како доброволец во Србско-бугарската војна. Во 1887 г. го завршил военото училиште во Софија. Бил член на ВМК и војвода во Горноџумајското и во Илинденското востание. Во 1911 г. бил резервен член на ЦК на ВМОРО. Во Балканските војни бил член на Штабот на Македоно-одринското ополчение и е награден со орден за храброст. Во Првата светска војна бил заменик началник на Македонската воено-инспекциска област и е промовиран во генерал-лејтенант на Бугарската армија. По војните учествувал на основачкиот собир на македонските бегалски братства. Се залагал за присоединување на Македонија кон Бугарија и заедно со Тодор Александров испраќаат меморандуми до големите сили. Во почетокот на 1919 г. со окружно е објавено основањето на Внатрешната македонска револуционерна организација и се вклучува во раководството на организацијата во ЦК со Тодор Александров и Петар Чаулев, како одговорен за четничката дејност во внатрешноста на Македонија.

МЕМОРАНДУМ на членовите на ЦК на ВМРО до Париската мировна конференција со барање да учествуваат на форумот и делегација на организацијата да ги изнесе барањата на Бугарското население во Македонија:

„Господине претседателе,

Македонското прашање е во срцето на балканските конфликти. Тие се една од причините за катастрофите што ги снашле сите цивилизирани народи во Европа. Сите овластени гласови досега се едногласни, дека додека македонското прашање не се реши правилно, нема да има мир на Балканот. Ова правилна одлука може да се случи доколку принципите на претседателот Вилсон се применат на Балканот. Големата војна придонела во извесна смисла да се воспостави Бугарскиот карактер на македонското население, но и да се согледаат неговите политички стремежи: сите народи кои се бореле можеле да го видат ова население во својата земја, дури и во најнеповолните услови. Македонското население сака да ја задржи Македонија неделива и на никој начин да не остане под власта на Србија и Грција. ВМОРО, очекувајќи правично решение на македонското прашање од големиот аеропаг на светската совест, ги крена своите знамиња, но потпирајќи се на своето минато, исполнето со неподнослива борба за самоопределување на Македонија, во името на нејзините жртви и принципите прогласена од победничките сили бара од почесната Мировна конференција да дозволи учество на нејзината делегација за да и’ ги претстави аспирациите на македонското Бугарско население.

1 март 1919. Представници на ВМОРО:

А. Протогеров

Т. Александров“

“Надвор од училиштето сите фактори дејствуват во три насоки.

1. Да го принудат населението да се кажва, дека е србско, така што официално сите се принудени да се кажват Срби. Меѓутоа малку се лицата, кои што се повлијаени – мнозинството си останват добри Бугари и Охрид со право може да се каже, дека си останва крепост на бугарштината.

2. Се стремат да ги убедат интелигентните Бугари и попробудените, дека припаѓат кон особена македонска народност, без да се ниту Срби, ниту Бугари, но и на тоа тие не се поддават. Навистина, колку за форма, многу Бугари се кажват ние сме “македонци”, но тоа е за пред Србите и пред сомнителните македонци. Од лицата незапознати со историјата се среќават мнозина, кои што добродушно верват во тоа и прифаќат да се кажват, дека се Македонци – ниту Бугари, ниту Срби, без да помислат, дека и Влавот, и Гркот, и Евреинот, и Албанецот е македонец, но сите тие не се кажват македонци по народност, а си останват Грк, Влав, Турчин, Евреин, Албанец и сл.

3. Оние, кои што не можат да ги натерат да не се кажват, дека се Бугари, барат барем да не ја манифестират јавно својата бугарска народност, затоа што официално тие се вброении како Срби и на такви упорни интелигентни Бугари, Србите се мачеа да влијаат по добар начин, така што им кажваа, дека никој не им се заканува да се наречат Бугари, меѓутоа тие не требало да дават лош пример на оние барем, кои што не се чувствуват Бугари, да ги окуражуват и тие да се наречат Бугари…“

БИЛТЕН №1 ПО РАЗУЗНАВАЊЕТО ОД ЦК НА ВМРО

Слични Објави