Одбележуваме 99 години од смртта на Царевна Миладинова, ќерка на Димитар Миладинов и една од основачките на Бугарската женска гимназија во Солун
На 18-ти декември 1934 г. во Софија умира ЦАРЕВНА ДИМИТРОВА МИЛАДИНОВА – АЛЕКСИЕВА – просветен деец и една од основателите на Бугарската женска гимназија во Солун.
Родена е 1856 г. во Струга во семејството на Димитар Миладинов. Од 1863 – 1866 г. учи при Георги Икономов, ученик на татко ѝ. Во 1864 г. рускиот конзул во Битола Михаил Хитрово, дошол во Струга, за да ги проучи оплакувањата против владиката Мелетиј, отседнал кај Миладиновци и решил да ја земе Царевна со себе во Русија. Во 1866 г. Миладинова заминала од Битола за Русија со семејството на Стефан Икономов, брат на Георги Икономов. Учела во киевската Фундуклеева класична гимназија, која што ја завршила во 1874 г. и истата година пристигнала во Цариград. Од 1874 – 1880 г. предавала во женското училиште во Шумен. Таму станала председател на Женското друштво „Родољубие“. Во 1880/1881 г. предава во женското училиште во Етрополе, а во 1881/1882 г. во Свиштов. Ц. Миладинова учествува во основањето на Бугарската женска гимназија „Свето Благовештение“ во Солун, каде што предава од 1882 г. Во 1883 – 1884 г. е директор на училиштето, а од 1884 до 1888 г. е помошник-директор и учителка по литература. Во 1889 г. се одзвива на молбата на Бугарската обштина во Прилеп и организира Бугарско женско училиште во градот, на кое е директор од 1889 – 1891 г. Во 1894 г. учествува и во основањето на основното Бугарско училиште во Пиргите, каде што живее, и ја препушта својата куќа за проведување на занаетите, водени од Бугарската учителка Марија Думбалакова. Алексиева и Думбалакова се тормозени од србската пропаганда во градот заради училишната дејност.
После Балканските војни во 1913 г. се преселува во Софија.
“Во нови и нови раскошни табла со ликовите на св. Кирил и Методи, во зеленила и во свежи венци од цвеќиња беше потоната велелепната старинска зграда на Солунската Бугарска машка гимназия – тој најјужен беломорски симбол на себугарски и сесловенски духовен напредок од вековите, тој гостопримлив замок, изграден од името и во името на двата свети браќа – првите наши духовни будители, чија христијанска култура, чија старобугарска писменост свето ја пазеа и ја пазат нашите дедовци, нашите татковци од најдалечни епохи, чиј што жар и чиј што свет оган го криеме и ние денес, прикованите по подножјата на нашите родни планини чеда на сегашната епоха после поразот! Таа старобугарска писменост и старобугарска култура сакаме ние денес да ја предадеме, колку и слаби да сме, на поколенијата што доаѓаат, како прикованиот Прометеј од спротивниот Олимп да го предадеме факелот што гори на човештвото што се буди!”
ПОСЛЕДНОТО ПРАЗНУВАЊЕ НА СВ. КИРИЛ И МЕТОДИ ВО ИЗГУБЕНИОТ РОДЕН КРАЈ
