ОХРИЃАНИ МОЖАТ ДА ЗДИВНАТ, ОД 17 АВГУСТ ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ ОДИ НА „НАШЕ МОРЕ“…

Од 17 август во Грција ќе можеме да патуваме со негативен ПЦР тест, ова за Фактор го потврдија од Грчката Канцеларија за врски во Македонија.

loading...

„Што се однесува до копнените граници, од 17 август, е задолжително да се прикаже негативен тест за молекуларна контрола (тест PCR) за сите лица кои влегуваат од копнените граници. Тестот не смее да биде постар од 72 часа пред да влезе во Грција. Грчките граѓани и оние лица со дозвола за престој исто така се должни да го прикажат тестот. Тестот мора да се изврши во земјата на потекло, а не во Грција“, се вели во одговорот до Фактор од Грчката канцеларија за врски.



loading...