Отворен повик за учество на изложба и уметнички престој во Руен, Франција
Град Скопје се вклучи како партнер во европскиот проект на мрежата Креарт (CreArt – http://creart-eu.org) поддржан од програмата на Европската комисија „Креативна Европа“.
Во рамки на активностите на проектот, Град Скопје ги известува уметниците кои живеат и работат во Скопје за можноста за учество и краткотраен уметнички престој во Руен, Франција.
Градот Руеан има објавено повик на уметници кои доаѓаат од градовите –учесници во проектот Креарт (CreArt) да се пријават за да учествуваат на дуалната изложба и краток уметнички престој во Руен, Франција што ќе се оддржат во следниве термини:
– Краток уметнички престој (Dual Artist in residence) ќе се оддржува од 19 ноември до 30 ноември 2018 година;
– Дуалната изложба (Dual exhibition) ќе се оддржува од 30 ноември 2018 година до 18 јануари 2019 година.
Пријавувањето за учество од страна на заинтересираните уметници е директно преку веб сајтот на проектот и се врши директно со пополнување на апликација на следнава интернет врска: https://creart2-eu.org/open-calls/dual-exhibition-and-short-air-in-rouen-fr-2018 .
Изборот на уметниците ќе го врши Градот Руен.
Рокот за пријавување е до 30 април 2018 година.
Град Скопје од 2017 година стана партнер во Креарт (Мрежа на градови за уметничко творештво) што претствува европска мрежа составена од градови и од јавни и приватни културни институции. Целта на проектот е да одговори на одредени потреби што ги споделуваат европските културни институции и уметници: да го максимизираат економскиот, социјалниот и културниот придонес кој визуелните уметности можат да ги направат со подобра поддршка на уметниците, менаџерите, индустријата и пошироката јавност, овозможувајќи им да креираат, изложуваат и да уживаат во уметничките дела, како и да добијат пристап до обуки преку семинари, резиденции на уметници, работилници и истражувачки програми. Лидер на проектот е градот Валадолид од Шпанија, а проектот го сочинуваат 12 партнери.