Почна кампањата за „Детски Пирин Фолк“ 2018
За втора година по ред во град Сандански (Р. Бугарија) ќе се одржи фестивалот “Детски Пирин Фолк”. Ова е конкурс за песни од македонска фолклорна област за деца меѓу 8 и 15 години.
Сите кои сакаат да учествуваат на фестивалот, треба да ги испратат на e-mail: [email protected] или на адреса: Софиja 1330, ж.к. Сердика, ул. Ѓуешево 85, ет. 3 / за фестивалот Пирин Фолк / следните податоци:
– демо запис од изведување во живо на песна од македонската фолклорна област / може и акапел /;
– слика;
– кратка биографија;
– телефонски број и e-mail на родителот или старателот;
Рокот за пријавување за учество е 27 април 2018 г. Селекцијата на учесниците ќе се одржи на 12 и / или 13 мај во гр. Софија.
По успехот на првото издание на фестивалот, организаторите од Фен Фолк ТВ очекуваат уште поголем интерес за учество на овој културен настан во Летниот театар на градот Сандански на 24 август 2018 г.
Повеќе информации за условите за учество може да прочитате во Правилникот на фестивалот на следната адреса.
Минагодишното издание можете да го погледнете овде.
Организаторите им посакуваат успех на сите талентирани деца!
