ПАЛЕВСКИ ЗА АФЕРАТА ГОЛЕМО УВО
Еве што пишува Љупчо Палевски претседател на „Трета партија на Македонците“ за аферата „Големо уво“.
„Прв пат кога ДПМНЕ беше власт во Република Македонија,за прв пат се случи и голем скандал со прислушкувањето на приватни разговори, се
случи зимата 2000 година, непосредно пред конфликтот со шиптарите февруари 2001. Имено, Министерството за ОДБРАНА под раководство на Никола Кљусев и
Сашо Мијалков како помошник министер за одбрана,за воено разузнавање и безбедност, популарно наречено КРЦ, набавиле софистицирана опрема за прислушкување, од реномирани светски производители,за тоа време, далечната 2000 г. Подоле во документите Ви се решението за набавката и списокот на производителите. Набавката е направена без знаење на премиерот, Љупчо Георгиевски, но и Министерот за внатрешни работи Доста Димовска, со помош на тогашниот дупљак, во корист на опозиционерот Црвенковски, а ДПМНЕ Министерот за финансии Стојменов, кој ја платил предметната опрема. Предавствата на Стојменови, како и на Мијалков на сопствената партија, онаму каде направија милиони евра стара нивна семејна навика, истото можете да го видите и денес, со Канал 5 и со СЈО. Трикот, на тогашната опозиција, каде членував, СДС беше едноставен, како да се разниша тогашната нова власт, кога опозицијата беше масакрирана на претходните парламентарни избори во 1998 година, кога едвам во парламентот броеше 30 пратеници. Од денешна дистанца, кога ќе се анализираат работите, ќе се закључи дека ништо не е променето, секогаш кога ДПМНЕ е на ВЛАСТ, почнува да паѓа од власта со иста фора, со иста технологија, а тоа е скандали со прислушкување, на комуникации, како 2015, така и далечната 2000 година. Георгиевски, како поет, мрзле, а тогашен премиер, денес, модерен
американец, инаку во константа Бугарин, неколку пати импровизираше и јавно лажеше дека не знае ништо, дека Црвенковски прислушкувал, дека тој е невин и слично. За воља на вистината, во случајов од 2000 е невин, но и нуклеарно НАИВЕН, а денес е нечесен,затоа што ќути,затоа што стана дел од организираниот криминал во државава, со милиони здрпани од занимавање со политика. Оперативно, трикчето на тогашната опозиција се состоеше во следново. Се изнајми стан во лептокарија, на црно добиената опрема од Сашо Мијалков, СДС си ја смести, ја прикључи,задолжен беше Лазар Китановски и Верушевски, а беа вкључени неколку оперативци од кои двајца од нив после десетина години беа судени во аферата ШПИОН. Откако се собраа доволно материјали од нелегалното прислушкување, Бранко Црвенковски организираше прес конференција на која во папки подели транскрипти од прислушкувани разговори, на политичари и воглавно на новинари, со што многу вешто ги заврте сите медиуми контра Георгиевски и неговата влада, а Доста Димовска , Американецот во ДПМНЕ, мораше да даде оставка и да се вдоми во кабинетот на тогашниот тазе претседател Трајковски и да директорува со Агенцијата за разузнавање. Но пред да се случи тоа, Доста Димовска организираше во МВР истрага за тој голем настан и криминал и заедничка комисија со полни овластување за истраги,заедно со Пауновски, тогашниот министер за Одбрана. Инаку, Кљусев претходно, неколку месеци пред избувнување на аферата беше сменет заради неовластено тргување со Српски фабрики за оружје испорачувајќи им огромни количини на барут и друг репро материјал. Заедно со Кљусев од одбрана излета и Сашо Мијалков, а како причина освен барутот и шверцот, Премиерот Георгиевски му посочи и предмет разузнавачки, каде беше документиран, со Аркан лично, кафе , мафе и такви работи. За ова жив сведок е Геопргиевски Љубчо, денес НАТО мен. Инаку од документите се гледа, дека увозник на опремата е извесна приватна фирма од населба Капиштец, БЕМА дооел без вработени, како и тоа дека недостасува дел од опремата, како што утврдиле (мозокот на опремата) кој од царина до Министерството за одбрана му се губи трагот, а се работи за 20-тина ЦД, софтвер за прислушкување. Кариерите на Доста Димовска и Љубен Пауновски, познато е како им завршија по експресна процедура, Пауновски беше малтретиран, уништен, суден за паштети и слично, а денес е социјален случај со пореметено ментално здравје, а Доста Димовска е мртва. За среќа, долгогодишното бавење со политика и лично познавање на сите погоре прозвани, како и квалитетната архива неопходна за политичка борба на ТРЕТА, потребно е да се знае, да се запамети во следниов ЗАКЉУЧОК:
Организираниот криминал е еден, во Република Македонија, не постојат два. Постојат две измами политички со име СДС и ДПМНЕ, кои 3 децении не лажат дека меѓусебно се борат, а е сосема спротивно, не замајуваат, внимателно одбирајќи “курбани” за да се прикаже некаков антагонизам. Авторот на овие редови со лична борба, преживеал неколку пати драфт за
“курбан” , но наоружан со знаење и документација, преживеа, дојде ред за “ОДМАЗДА” на ова ЃУБРЕ ОД СИСТЕМОТ сосе целата фалшлива “либерална демократија ” во него. Сашо Мијалков тогаш 2000-та, го изврши првото предавство на својата партија, ДПМНЕ,затоа што го даде системот за прислушкување на СДС, системот кој тој и Кљусев го набавија,за да после 15 години со многу по софистицирана опрема, Најди го Фишер и компанија, го направи истото но овој пат за ЦИА, каде е контрактор, таквите ЦИА ги обожава , а скоро секогаш брзо ги решава, после употреба секако. Борбата на Македонскиот народ за сопственото име, е круцијална, шекспировска, ова лето ќе не биде или не,знам дека ќе не биде, уверен сум,
но го знам и следново. Зоран Заев е невидена будала, нема назад, посебно нема назад после бакнувањето на пенкалот во фалшлив прес, надвор од официјалниот на Столтенберг, без новинари без релевантна публика, само за неколкумина, доби од НАТО писменце во кое е напишано се што
претходно истиот ден Столтенберг на официјалната прес го кажа, ќе бидете НАТО кога се ќе завршите. Сега почнува , агресијата на Заев, сега ќе се потроши целата екипа на ДПМНЕ,за да се остави Македонскиот народ сам, во борбата за својот опстанок како Македонец, како Македонија. Второво предавство на Сашо Мијалков,заради клептоманија, ќе ја чини се, Македонија, ќе ја чини ПОСТОЕЊЕ. Ова погоре ви се докази, а следат уште, докази дека меѓу нас постојат ѓубриња, кои за злато, се продаваат вклучително и лидерите на ДПМНЕ,
како приде, како дополнителна опрема, као масажерот, во мерцедесот.
#ТРЕТА
ПС: Кога се оди во војна, кога се работи за опстанок, внимателно се биравојската, овој пат веќе нема место за предавници, овој пат е ПОСЛЕДЕН ПАТ, немаме право на грешка.
ДА ЖИВЕЕ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА“