ПАМЕТНИОТ ОД ОНА КОЕ СЕ СРАМИ, БУДАЛИОТ СЕ ГОРДЕЕ
Го видовте ли видеото како Боки 13-ка сосема изнемоштен го изнесуваат од судење? А го видовте ли полицаецот , нашиот државен чувар, нашата безбедност? Ако не сте го виделе повелете.
Се чудам и барам зборови во мојот скромен речник како да ја опишам оваа постапка. Како требаше да изгледа ова? Смешно? Интересно? Всушност што е тоа што го натера нашиот чувар на татковината, чувар на сите нас да го „изигра“ овој краток „патриотски“ чин и тоа пред камери? Можеби се уфилмал дека е Мајкал Џексон за кратко? Може, може… Се бидува. Посебно ако земеме во предвид кој сѐ се вработи како полицаец и на какви начини е пример на работа, утре може да очекуваме и плес-денс исто како во Мулен Руж. Не е проблем. Што ние се сме изнагледале овие години, па за едно фаќање на калабастерот… За момент си помислив, ух колку си ти проста значи, ем проста ем заостаната! Ами на денешницава кој нема во главата (на горната мислам) има во гаќите бе. Кој нема пракса ќе си носи модрици по коленици, кој има полесно ќе си помине.
Човечност нула. Не дека е Боки, нека е и Гоки, Деки, Мики… Брат ти, внук ти, син ти… До толку е загрижувачко однесувањето што се прашувам дали треба повторно (пошто нели поминуваат психолошки тестови пред да ги примат на курс) да ги пратат на психијатар?
А замислете, вакви госпoда и госпожи сигурно има и по други институции. Нели ако не е внук, внука, брат, сестра, швалер, швалерка, комшија или комшивка ќе мора да ги покаже и другите таленти. Е затоа пропаѓаме дечки. Ниските страсти се ставени пред умот. Вагиналната манипулација и грстот лажни солзи се поважни од целта. А целта е да се изгради здраво општество пред сѐ. Но што би научиле децата од ваквите морално пропаднати гадови?!
И на крај ништо и не е чудно во видеото. Не е бидејќи одамна образот не е на приоритетно ниво. Не е бидејќи одамна никој немал допир со Бога.
Жал ми е за Боки-13 што е болен. Му посакувам да закрепне што побрзо. А за тоа што е обвинет има време. Како и секој пат на крајот ќе стигне казната. Лошото никогаш не победува. Освен ако не си најде превоз за Будимпешта!
Автор: Елизабета Најдоска Величкова