ПАНЦИРИ И ОРУЖЈЕ НАСПРОТИ ЉУБОВ И МУЗИКА

//

Дали МВР почна да работи на „реформи“? Дали почна „вистинската“ борба против криминалот и корупцијата?
Дали тоа што вчера се случуваше во Скопје, за министерот Спасовски значи подигање на нивото на работата на полицијата?
Дали трауматизирањето на младите, оние малку кои останаа во државата е решителноста за која зборуваше министерот, за справување со вистинските проблеми на ова општество?
Министре за каква правда и за каков мир се боревте вие? За каква подобра перспектива на младите зборувавте додека со нив заедно секојдневно бевте по улиците и им ветувате подобар живот?
Додека се занимавате со вооружени рации по скопските клубови, вистинските криминалции си работат слободно.
На јавноста мора да и одговорите зошто демонстриравте сила со автоматски пушки среде дискотека полна со млади луѓе?
Бруталноста од минатата ноќ и сеење на страв е недозволива.
Наместо да ги охрабрите младите да останат во оваа држава, вие со ваквите ваши бизарни акции уште повеќе ги туркате кон излезната врата.
И да не се разбереме погрешно, во ред е да има рутински контроли, но не вооружени полицајци да влегуваат во клубовите, да се апсат сопствениците ако се спротистават на бруталноста и да се сее страв.

Автор: Димо Петкоски, секретар на Граѓанско Демократска Унија-ГДУ





Претходна статија

МОРАЧАНИН ОД ДОМ: ДА, ЗА ДЕКРИМИНАЛИЗАЦИЈА НА КАНАБИСОТ!

Следна статија

СПИЕШ ЛИ МИРНО СОФИЈА?!

Најново од Ваш став

Денот на булките

Facebook статус на Никица Корубин Деновиве во Велика Британија се сеќаваат на жртвите од Првата светска