ПЕНДАРОВСКИ ГИ ПОВИКА ЗАЕВ И МИЦКОСКИ УШТЕ ДЕНЕСКА ДА СЕДНАТ ЗА ДА СЕ СПРЕЧИ ПОГОЛЕМА ПОЛИТИЧКА КРИЗА
„Сакам да упатам повик до претседателите на најголемата партија во власта, Зоран Заев и најголемата опозициона партија Христијан Мицкоски, да седнеме уште денеска и да најдеме излез од оваа ситуација со ставање на државните интереси, над личните и партиските. Во спротивно само ќе ја отвориме вратата за уште поголема внатрешна криза“, изјави претседателот Пендаровски во своето денешно обраќање пред граѓаните, посветено на вонредната состојба и можниот датум за оддржување на предвремените парламентарни избори.