Пендаровски за Кичеец: Никаде во светот не сум видел, човек кој е затворен да направи сообраќајка, ова е апсурд

/

Стево Пендаровски за време на гостувањето во емисијата „360 степени“ на ТВ Алсат, коментираше и за случајот со Зоран Милески – Кичеец. Тој кажа дека ситуацијата има многу апсурди, и бара целосно испитување.

„Апсурдна ситуацја од човечки и правен аспект се случи со тој што го викаат Кичеец.

Не сум чул, не сум прочитал некаде во светот дека човек кој е во затвор направил сообраќајка. Барем да го возел затворското комбе, па ќе речеме дека ете работи на таа позиција.

Згора на тоа бил со двајца странски државјани, тоа посебно ме интересира. Дали можеби еден од нив има и двојно државјанство. Тоа ќе биде интересно, но да оставиме истрагата да покаже

Не можам да разберам јас како правник, да човек кој е во затвор, и му давате мерка притвор. Човек кој е во затвор, треба да се врати во затвор за да го обезбедите неговото присуство“, рече Пендаровски.



Тој додаде дека има и конфузија околу соопштенијата, односно дека едното велело дека тој имал здравствени проблеми, а друго дека неговата мајка е болна.

„До ден денеска јас не знам кое соопштение е покредибилно. Дали тоа дека тој имал здравствени проблеми, или тоа дека мајка му имала здравствени проблеми. Не би сакал да влегувам во патетика, ако за аритмија се дозволува 30 дена отсуство, а други не можат викенд да добијат да си ги видат своите најблиски, тоа не е праведно.“, кажа Пендаровски.

Извор: Zoom. mk

Претходна статија

ВМРО-ДПМНЕ: Оставки на Филипче, Заев и Груби, само така може да има објективна истрага

Следна статија

Заев: Одлука за оставката на Филипче ќе ја донесам по истрагата

Најново од Вести